Канадски бизнисмени ќе вложуваат во кочанските геотермални води
Геотермалните води во Кочанска Котлина се магнет за странските компании
Иван Бојаџиски
КОЧАНИ - Канадски бизнисмени ќе вложуваат во кочанските геотермални води. Петчлена група парламентарци и бизнисмени од Канада дојдоа во Кочани за да ги видат можностите за вложување во овој природен ресурс. Се планира искористување на геотермалните води во производство на храна, а особено за раноградинарски култури. Канадскиот парламентарец Арт Хангер и бизнисмените ја посетија и фабриката за автомобилски делови „Руен интернешенел“, каде што со раководството договараа деловна соработка.
„Канаѓаните беа одушевени од начинот на кој Кочани ги има ставено во функција геотермалните води, а за организацијата и за управувањето со системот рекоа дека се на светско ниво. Притоа, ветија дека можностите што ги видоа тука ќе ги претстават пред поголема група канадски бизнисмени. Добивме уверување дека наскоро има конкретни бизнис-предлози за влез на канадски капитал во развојот на геотермалниот систем во нашава општина, пред се' во доменот на производството на храна“, вели градоначалникот на Кочани Љубомир Јанев.
Токму најавениот недостиг од храна на светско ниво е една од причините зошто Македонија, како земја на сонцето, со откриени и неоткриени природни ресурси, е привлечна дестинација за бизнисмени од сите делови на светот. Кочанските геотермални води привлекоа бизнисмени од десетина држави, главно од стариот континент. А во Кочани, кога се во прашање топлите води, постојано се работи на нивно поголемо искористување.
Градоначалникот Јанев вели дека токму нивниот геотермален систем е единствениот од Македонија што се најде на картата на значајни геотермални системи во Европа. „Годишно експлоатираме 1.250.000 кубни метри геотермални води. Еден дел се користи за раноградинарско производство, кое се обезбедува на 18 хектари пластеници и оранжерии. Но, и за загревање на три училишта, спортската сала и судската зграда во Кочани. Во тек е новиот проект со кој ќе се обезбеди дополнително количество од 350.000 кубни метри геотермални води, кои по искористувањето, преку дуплекс-систем повторно ќе се враќаат во нивното природно лежиште“, објаснува кочанскиот градоначалник.
„Геолошките сознанија до кои е дојдено по пат на геофизички истражувања говорат за тоа дека во Кочанската Котлина постои огромен базен геотермални води“, вели Јанев и додава дека тој потенцијал е магнетот што ги привлекува странските компании. Според него, новите инвестиции ќе обезбедат значително поголема искористеност на овој ресурс, а првенствено во производството на храна.
Gluposti,kakvi investiii, do dega nema nisto od toa a se zbori 10 godini, samo lazenje za prosti luge. Gradonacalnikot Janev e ajduk i ne go biva za nisto.
Од: Makedonija
Датум: 05.06.2008 12:34:15
Odlichno!!!
Potencijalot na Makedonija konechno se ostvaruva. Samo napred nashi!!!
Replika za toj SDSM ovenot; Vashite pesimistichki kritiki i SAMO kritiki veke ni se mnogu dobro poznati. Toa pokazuvaa i vashite NE-rezultati vo "vasheto vreme". ZATOA I NE STE VEKE NA SCENA!! I da dade gospod NIKOGASH poveke da NE bidete!!!!! KOBNICI EDNI!!!
Од: Стамен
Датум: 05.06.2008 15:21:26
Оваа вест му доаѓа како „ДОДАТОК НА СКУПОЌА„. Односно, еден од заборавените чекори од ПРЕРОДБАТА! Јас, инаку, за вакви и слични најави слушам од поодамна. Не помалку од 3-4 децении. И, се разбира, ништо, освен оние скромни зафати, посебно. Уште помалку спектакуларно. Ама кога
ќе ги одведеш „странските инвеститори„ на Ташко и Симак, на ќелепур софра, па и тие се луѓе, ќе се одолжат со вакви изјави...