Грција ја побара втората транша од кредитот
Грција вчера официјално поднесе барање до Европската комисија и до Европската централна банка за доделување на втората транша од кредитот во висина од 6,5 милијарди евра, изјави грчкиот министер за финансии, Јоргос Папаконстантину. Втората транша од заемот изнесува девет милијарди евра од вкупно предвидените 110 милијарди евра, кои и' ги доделуваат земјите-членки од еврозоната и ММФ. Тие ветија дека на Грција ќе и' доделат 110 милијарди евра кредит во неколку транши за справување со економската криза во која западна земјата. ЕК веќе ја одобри втората транша од заемот за Грција. (МИА) |