Број 3365  понеделник, 23 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Тројно зголемено производство на нафта во Албанија

Домашното производство на нафта во Албанија во првото тримесечје од годинава е поголемо за три пати, споредено со истиот период лани. Од нафтените извори во областа Патоз-Маринез, просечното дневно производство изнесува 8.282 барела, или околу 1.400 тони. Во исто време, двојно е повисока и цената на албанската нафта, од 24,73 долари за барел лани, на 47,16 долари годинава. Албанската влада преку нафтената компанија „Албпетрол“ годинава добила во просек по 9,65 долари за барел, врз основа на правото на користење што и' е дадено на приватна компанија за ископ на нафта. Лани владата добивала по 6,61 долар за барел. Поголемата количина од нафтата од изворите Патоз-Маринез се извезени за италијанските рафинерии преку пристаништето Валона. Зголеменото производство и повисоката цена придонеле приходите реализирани од споменатите извори во првото тримесечје да достигнат 35 милиони долари, наспроти ланските 13 милиони долари. (МИА)


#
Статијата е прочитана 806 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Загубите на фирмите растат - добивките се топат
Македонија најнеатрактивна на балканскиот пазар на недвижности
Грција ја побара втората транша од кредитот
ЛДП
Американскиот јавен долг 140 проценти од БДП