Американскиот јавен долг 140 проценти од БДП
Вкупниот државен долг на САД достигнал 140 проценти од БДП.
„Растечкиот американски јавен долг е сериозен проблем пред кој американските конгресмени се' уште затвораат очи“, пишува „Џапејн тајмс“. Додека голем број земји-членки на Европската унија се борат со зголемувањето на државниот долг и со дефицитот, проблемот на растот на американскиот јавен долг не е ништо помалку опасен, пренесува весникот.
Вкупниот јавен долг моментално е 140 проценти од БДП, а тоа го вклучува не само долгот на владата на САД од 13,2 милијарди долари, туку и три милијарди долари долг на сојузните држави, окрузи и градови. Дополнително, тука се и 3,9 милијарди долари долг на финансиските агенции, специјализирани за хипотекарно станбено кредитирање, кои ��оментално потпишуваат повеќе од 90 проценти од сите американски хипотекарни кредити за куќи и станови. „Најголемата опасност за американската безбедност доаѓа од нејзиниот јавен долг“, предупредува висок воен офицер од САД, Мајк Мулен, а со него се сложуваат околу 40 проценти од Американците. Истовремено, сп��ред истражувањата, помалку од 30 отсто американски државјани сметаат дека најголема закана за американската безбедност е тероризмот. Имено, статусот на САД како голема велесила секогаш бил поврзан со нивото на државното задолжување. (Ек.Р.) |