Нови поволности со ВИП постпејд
Сите нови постпејд-корисници, кои ќе склучат договор на 24 месеци во некоја од ВИП смарт тарифите, имаат можност да плаќаат половина месечна претплата засекогаш. На ваков начин, корисниците добиваат можност да плаќаат 50 отсто пониска месечна претплата, да зборуваат во мрежата на ВИП за 0 денари засекогаш и да добијат одличен телефонски апарат. Промоцијата важи за сите претплати од ВИП смарт портфолиото, при што попустот го добиваат автоматски и без дополнителна активација.
„Уште еднаш потврдивме дека ги знаеме потребите на македонските граѓани и навреме ги перцепираме нивните желби и очекувања“, изјави Марио Цвитковиќ, главен маркетинг-директор на оператор ВИП.
Понудата важи за сите нови постпејд-корисници, корисниците кои ќе ја искористат услугата за преносливост на броеви и ќе го префрлат својот број во мрежата на ВИП, како и корисниците кои ќе го префрлат својот припејд број во постпејд, а кои во промотивниот период од 13 октомври 2010 година, па се' до 25 ноември 2010 година ќе склу��ат договор на 24 месеци. Постојните ВИП постпејд-корисници на кои им истекува договорот, согласно со договорните обврски, исто така, ја добиваат оваа поволност, со тоа што тие ќе треба да го надградат својот постпејд тарифен модел за да ја искористат оваа можност. (А.С.) |