Брокери, шпедитери, осигурителни агенти, фриготехничари, заварувачи, пекари, сервисери на машини за шиење, каросериски механичари моментно се најбараните профили на пазарот на труд, но во Македонија недостасуваат поради несоодветното средно стручно образование. Ова го заклучија учесниците на трибината „Предизвици на пазарот на трудот“, организирана од Советот за стручно образование и Стопанската комора на Македонија.
„Нашето средно стручно образование има големи болки. Доколку итно не се преземе нешто, нема кој да работи општи струки. Некои од учениците или си одат надвор од Македонија или не завршуваат или тоа што го завршуваат воопшто не го работат. Многу од нив сакаат да студираат, а не може и не би требало сите да сме интелектуалци. Некој треба да вози автобус, некој да биде чевлар, и тоа е добро“, смета Дарко Велков од Сојузот на стопански комори.
Според Снежана Денковска од Занаетчиската комора, при оформувањето на стручниот кадар мора да учествуваат и стопанствени��ите. „Имаме кадри кои се теоретски добро подготвени, но не и практично. Им недостасуваат вештини и компетенции за да ги исполнат конкретните барања и обврски во компаниите“, истакна Денковска.
Генерална е забелешката дека на учениците им недостасуваат т.н. меки вештини, решавање проблеми, креативност, критички пристап, самоиницијативност, комуникациски способности. (МИА)
Ova bese ocekuvano, samo sto dojde prerano. Dipoma veke ima sekoj, osven onie koj ne uspeale da se kacat na voz i da dojdat vo Skopje. Doprva ke se baraat zanaetite, a i ke bidat poplateni od onie koj zavrsija razno razni menandzmenti za se i sesto.
Од: Julijana
Датум: 14.10.2010 13:54:28
Mozebi navistina se potrebni navedenite profili, no sto se odnesuva do osiguritelnite agenti, nema rabota ni so zavrsen strucen fakultet za menadzerite po osiguruvanje da rabotat kako osiguritelni agenti a kamo li za drugi profili!!! Ne i treba na ovaa drzava da obrazuva profili, potrebni se rabotni mesta!Samo ponudata ja pravi pobaruvackata!!!
Од: Kire
Датум: 14.10.2010 14:44:25
Како Стопанската комора очекува ученциите да имаат практични знаења на високо ниво кога не се воопшто заинтересирани да примат ученици да изведуваат практична настава во нивните компании и при тоа да ги делат нивните знаења и вештини?
Прво нека ја видат гредата во нивното око а потоа нека ја чистат раската во туѓото.
Од: Realist
Датум: 14.10.2010 16:22:02
Gi chitam komentarite i se chudam,zarem ako imash zavrseno fakultet drzavata treba da ti obezbedi rabota,vo dalecnata 1972 godina zavrsiv zanaet se zaposliv veruvale ili ne 1973 godina i posle 3 meseci napustiv za da setam,bratucedmi zavrsi Masinski fakultet nikogas ne se zaposli na strukata rabotese prodavac vo selskata prodavnica,jas smeniv 4 kompanii za 3 godini vo Makedonija,od 1978 do 1982,pa mi skisna i zaminav preku svet,sega imam zavrseno Gradezen fakultet na poznat univerzitet i sto tie li ke mi baraat rabota,ne rabota sam treba da stvoris ne treba da si fak.obrazuvan.imam drugari so fak .nemaat rabota im velam ako cekas nekoj da ti dade rabota vo golema zabluda si ti treba da ja stvoris rabotata,ne mozam da svatam ako imas mozok za uka zosto ne za biznis mozebi ne sum vo pravo,imam 1 i doma so magistratura raboti kaj mene a ne sakam.