Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Ќе се освојуваат инвеститори од Индија и од Кина

Освојување на пазарите во брзорастечките економии, како што се Кина, Индија, Северна Африка и Блискиот Исток. Тоа е новиот предизвик за членовите на Советот на странски инвеститори, кои вчера во Стопанската комора на Македонија избраа нов претседател.

На оваа функција, наместо Георг Валднер од претходното раководство на „ЕВН Македонија“, доаѓа Џефри Колин од „Џонсон Мети“. Негов заменик ќе биде Денис Корниенко од „Скопски легури“.

„Еден од нашите главни предизвици во наредниот период ќе биде привлекување повеќе странски инвестиции, не само од Европа, туку и од Кина, Индија, Азија и Северна Африка и тоа ќе го правиме со помош на Агенцијата за странски инвестиции. Ќе се фокусираме и на зголемување на извозот на европскиот, како и на другите подалечни пазари“, изјави Колин, по вчерашното назначување на функцијата, на која ќе биде во наредните четири години.

Инаку, Советот на странски инвеститори е тело во рамки на Комората и во него членуваат претставници од компании со доминантен странски капитал. Моментно брои околу 170 члена. Наредните седници, за разлика од досегашните, ќе бидат отворени за присуство на медиумите. (М.Т.)


#
Статијата е прочитана 501 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Потребно е време за фондовите
Владата ќе го спасува домашниот ориз
И данок од денар мора да се плати
Бесплатно користење алатки на „Мајкрософт“ за ИТ-фирмите
Се бараат брокери, шпедитери, агенти...
Нови поволности со ВИП постпејд






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia