Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Владата ќе го спасува домашниот ориз

За увоз на килограм мора да се откупат четири килограми домашен ориз

Секој што ќе сака во иднина да увезе ориз ќе мора претходно да купи домашен ориз и тоа во четири пати поголема количина од онаа што има намера да ја увезе. Поточно увозот на ориз се врзува со откупот на ориз од родот од 2010 година од домашно производство, при што за секој увезен килограм ориз увозниците ќе треба да откупат четири килограми домашен.

Оваа мерка Владата ја усвои на својата последна седница, на барање на Министерството за земјоделство, а има цел да го заштити домашното производство на ориз.

„Оваа одлука се донесува поради опасност од нарушување на пазарот, како и за загрозување на целите на националната земјоделска политика“, соопштуваат од Министерството за земјоделство.

Оризот во вкупната површина под житни култури учествува со околу три отсто. Производството на ориз во земјава има долга традиција на одг��едување. Неговото значење е многукратно, бидејќи е извозно ориентиран и ангажира многубројна работна сила во производството и во доработката. Предвидено е производството на оризовата арпа, од која подоцна се произведува бел ориз, годинава да достигне 23.100 тони, што е за 2.000 тони повеќе од лани. При доработката на оризовата арпа се очекува од годинешниов род да се добие вкупно производство од околу 12.700 тони бел ориз. Потребите од бел ориз во земјата на ниво на економска година изнесуваат вкупно 8.500 тони, од кои за исхрана на населението се користат 6.500 тони, а за репродукција околу 2.000 тони.

Претходно Владата на барање на Министерството за земјоделство донесе слична мерка на условување на увозот на брашно и на пченица со купување домашна пченица, со што успеа да го стабилизира пазарот на пченица. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 312 пати.

Испрати коментар

Од: Љупчо Иринката од Злетово
Датум: 14.10.2010 17:42:37
Штом оваа најнародна,најденократска, најдомаќинска Влада ветува нешто, браќа ОРИЗАРИ ќе го добиете она што го добија ЛОЗАРИТЕ ? Ако имате нешто повече од “УРА“ во главата, подразмислете?
Од: mimi
Датум: 14.10.2010 23:22:09
ako dobjat kako lozarite neka ne se raduvaat zosto grozjeto ni ostana po nivite a i lanskoto ne e isplateno neka prosetaat malku inspektorite po vinarskite vizbi se povrzano mafijaaaaa

Најди! во Утрински
Економија
Потребно е време за фондовите
И данок од денар мора да се плати
Бесплатно користење алатки на „Мајкрософт“ за ИТ-фирмите
Се бараат брокери, шпедитери, агенти...
Ќе се освојуваат инвеститори од Индија и од Кина
Нови поволности со ВИП постпејд






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia