Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

И данок од денар мора да се плати

Доплатувањето на данокот од еден или два денара е доказ дека обврзникот ги исполнил обврските кон државата

Александрија Стевковска

Деновиве Управата за јавни приходи масовно им соопштува на даночните обврзници, преку писма, дека треба да си ја исполнат својата граѓанска должност и да си доплатат данок на персоналецот за 2009 година. Она што е интересно е дека и годинава продолжува традицијата државата да бара доплатување на персоналниот данок од само неколку денари, па најчесто во игра се еден, два или три денари. Оваа обврска, иако станува збор за занемарливи суми, граѓаните ќе мора да ја испочитуваат и да си ги платат, бидејќи тоа е доказ дека ги исполниле даночните обврски кон државата по основа на приходи за таа година.

Неофицијално дознаваме дека УЈП по основа на доплата од еден или два денара им испратила даночни решенија на 180.000 граѓани. Тоа значи дека од тие решенија државата ќе собере 180.000 денари, доколку станува збор за барање за доплата од еден денар или 360.000 денари ако има побарување да се доплати два денара.

Се поставува прашањето каде е тука есапот на државата и кој најмногу заработува од ваквите акции на испраќање писмени известувања за доплатување минимални суми данок. Дали најмногу заработува поштата каде што УЈП треба да плати поштарина или, пак, банките, кои земаат провизија за секоја уплатница, па макар сумата што треба да се плати да е еден или два денара. Во секој случај, во ќар не е УЈП, која мора да плати за пликовите кои ги користи и кои чинат околу еден денар на големо, а често толку чини и сумата што даночниот обврзник треба да ја доплати.

Граѓаните се збунети. Велат дека не им се исплатува да ги трошат пенчињата на чевлите за да одат до банка да ја платат сумата што УЈП им ја бара за доплата.

„Јас навистина не разбирам како на УЈП и' се исплатува да испраќа писма со барање за доплата од еден денар, кога трошокот за испраќање на тоа писмо е многу поголема од таа сума. Така беше и минатата година, така е и оваа. И сега јас треба цела машинерија да ја придвижам, да одам во банка и да чекам ред за да платам еден денар. Тоа, благо кажано, е нехумано“, се жали една скопјанка.

Од УЈП се децидни дека тоа е обврска и мора да се исполни.

„Решенијата за доплата и од еден или два денара, сепак, се обврска, која секој поединец мора да ја испочитува. Решенијата, сепак, претставуваат еден преглед и информација за граѓаните, колкави им се бруто-приходите, колку данок е платен и колку треба да доплатат“, велат од УЈП.

По закон, обврзникот е должен да ја плати утврдената разлика меѓу уплатената аконтација и годишниот износ на данок во рок од 30 дена од денот кога ќе го добие даночното решение. Управата за јавни приходи, пак, има обврска да донесе решенија за сите поднесени годишни даночни пријави, но и во сите случаи кога ќе се утврди дека обврзникот не поднел годишна пријава за персоналец, а имал обврска тоа да го направи. Тогаш висината на годишните приходи се утврдува врз основа на податоците за обврзникот со кои располага Управата.

Приходите на физичките лица се оданочуваат со персонален данок на доход од десет отсто.


#
Статијата е прочитана 1288 пати.

Испрати коментар

Од: zoran nikolov
Датум: 14.10.2010 12:21:51
ova e BOLEST, ama neznam kako se vika
Од: xxL from Prilep
Датум: 14.10.2010 12:40:43
mizerija
Од: XXL
Датум: 14.10.2010 12:46:01
Vikaat vo Amerika moras d dve raboti da napravis bezuslovno ..da umres i da platis danok...Ubavo e od nasata drzava sto bara onaka reda radi i denar eden da go platis ...ama uste podobro e da se kontrolira i onie sto trebe milionski sumi da platat ...ama od toa NISTO....!!
Од: Realist
Датум: 14.10.2010 15:42:50
Pa vo cel svet e taka,ako si dolzen na drzavata plati go dolgot pa makar i denar
Од: mikica
Датум: 14.10.2010 16:04:26
a, velija ramkovski koga ke go plati danokot na zarabotenite 25 milioni evra od a1 tv ??? i, nego da ne mu ispratija da plati eden denar? nisto cudno....
Од: Stojko
Датум: 14.10.2010 17:16:49
Podobro ke bese za graganite da go stavat dolgot od 2009 kako obvrska pri plakanje za 2010.
Од: mimi
Датум: 14.10.2010 23:34:14
A danok ikamata na parite sto ni gi kasnaat vinarskite vizbi a vladata si e povrzana so site golemi firmi i za niv nema kazni samo si baraat danok i ete vi lozari 2 den a sega ke vi zememe 1 den za danok e ova nikade go nema uf katastrofa narodot ne pase trava

Најди! во Утрински
Економија
Потребно е време за фондовите
Владата ќе го спасува домашниот ориз
Бесплатно користење алатки на „Мајкрософт“ за ИТ-фирмите
Се бараат брокери, шпедитери, агенти...
Ќе се освојуваат инвеститори од Индија и од Кина
Нови поволности со ВИП постпејд






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia