Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

Нови раскази од Васил Тоциновски на хрватски јазик

Во издание на Хрватското книжевно друштво од Риека излезе од печат книгата раскази на Васил Тоциновски „Сушачко поподне“. Во неа се поместени петнаесет раскази кои за прв пат се објавуваат во една целина. Темите и мотивите имаат универзални, општочовечки димензии, како и ликовите и карактерите, но просторот и времето инсистираат и ги носат кварнерските бои, мириси и вкусови. Низ најчесто тажните приказни за малиот, обичен човек авторот нурнува во потрага по значењата и вредностите на најбитните егзистенцијални категории: минливоста, бесмислата, апсурдот, парадоксот. Така човекот во превртеното време и во вриежот на светот се бори за сопствениот опстанок. Тој е неуморен трагач по вредностите од љубовта, почитта, довербата, разбирањето, притоа војувајќи против омразата, злобата и интригата. Не ретко неговата битка добива донкихотско значење наспрема ветерниците кои ги уништуваат елементарните вредности на светот, животот и човекот. Напишани едноставно и топло, исповедно, со убав и жив дијалог, низ многу реминисценции расказите на Тоциновски се читаат со интерес и возбуда. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 139 пати.

Испрати коментар

Од: marija
Датум: 21.07.2010 09:48:17
Ovaa kniga ne bi postoela na hrvatski ako ne bila prevedena. Koj e preveduvacot? Pokazete barem malku pocit kon negovata rabota so toa sto ke go navedete negovoto ime.
Од: bramoni
Датум: 21.07.2010 10:46:37
Se soglasuvam so Marija. Profesionalno a i civilizirano e da se objavi i imeto na preveduvachot, inaku bez preveduvachot ne mozhe da se priopshti niedna kniga, kolku i da e dobra.

Најди! во Утрински
Култура
„Ние“ против тоталитаризмот
Овации за Трпчески во „Ројал Алберт хол“
Нова видеографија на Србија во Сули-ан
Концерт на Ксенија Јанковиќ на „Охридско лето“