Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

Нова видеографија на Србија во Сули-ан

Вечерва на програмата на „Скопско лето“ е концерт на дуото сопрани, Нада Талевска и Марија Наумовска, во пијано придружба на Андреја Наунов, како и презентацијата на новата видеографска продукција на Србија.

Во Музејот на град Скопје концертот ќе започне во 20,30 часот, а на програмата се дела од В. А . Моцарт, Г. Доницети, Ф. Менделсон, Џ. Пучини, Ф. Менделсон,

П. Крстиќ, Ф. Менделсон, Р. Аврамовски, Ш. Гуно, Џ. Верди, Ј. Штраус.

Нада Талевска дипломирала на ФМУ во Скопје во класата на проф. Марија Наумовска –Муратовска. Досега учествувала во оперите „Кармина Бурана“, „Аида“ и во „Волшебната флејта“. Марија Наумовска дипломирала на ФМУ во класата на проф. М-р Славица Галиќ –Петровска. Учествувала во првата опера изведена во Битола „Дон Пасквале“, како и во „Аида“ и во „Волшебната флејта“.

Андреја Наунов – бас, пијано, дипломирал на ФМУ, во класата на доцент Симон Трпчески, каде е и на постдипломски студии. Работи какао корепетитор во МОБ и надворешен соработник на ФМУ.

„Нова видеографска продукција во Србија (2008 – 2010)“ ќе биде вечерва прикажана на Факултет за ликовни уметности – Сули ан, со почеток во 21 часот, во рамките на проектот „Видеографија на регионот“, чиј уредник и селектор на програмата е Александра Секулиќ од Белград.

Организатор на гостувањето е Асоцијацијата за култура и уметност„Нова уметност“ од Скопје, а на програмата се видео проекциите: Маријан Холм Хансен: „Повторувај по мене“, 2008 Србија/Велика Британијa; Маријана Маркоска: „Антигени“, 2009; Арјан Брентјес: „Белград“, 2009, Србија/Холандија; „Космопловци“: „Wdiol“, 2009, Србија; Космопловци: „Компјутерот и човековиот ум...“2010, Србија.

Ќе биде претставено и творештво на групата „Доплгенгер“, а е планиран и разговор со Бошко Простран. Публиката ќе има можност да ја види и видео инсталацијата: „Voices -Gazes-Traces“, 2009; експерименталниот филм „Surplus“, 2008; и видео- артот „Code“. Александра Секулиќ дипломирала на Филолошкиот факултет во Белград на отсекот за Општа книжевност и теорија на книжевноста. Магистрирала на Интердисциплинарните студии за менаџмент во културата и културната политика на Балканот. Член е на групата „Медиска археологија“, а соработува и со групата „Космопловци“: Била уредник на програмата на Академскиот филмски центар при Домот на културата „ а меѓудругото ги организирала Фестивалот „Алтернатива филм/видо“ и Фестивалот на електронска уметност „Номад“ и др. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 154 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Ние“ против тоталитаризмот
Овации за Трпчески во „Ројал Алберт хол“
Нови раскази од Васил Тоциновски на хрватски јазик
Концерт на Ксенија Јанковиќ на „Охридско лето“