Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Изложба на Ладислав Цветковски во Њујорк

Денеска во галеријата Македонски центар во Њујорк, ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник Ладислав Цветковски „Pixstories 2“, која претставува надоврзување на неговата изложба во Музејот на Град Скопје, реализирана во 2009 година.

Во оваа пригода тој ќе презентира дигитални графики создадени со помош на компјутер и печатени на платно и на хартија, а покрај тоа, за прв пат ќе го прикаже и своето десетминутно видео, „Circle walk“, во кое е содржана авторовата желба преку динамизирање на статичната слика што ја надополнува со човечка сенка, симболички да опише еден „живот на одење“. Во видеото е користена музика компонирана и изведена од Доријан Јовановиќ, од неговиот проект „Axiotomic“, од нумерата „Noise Drops“.

Ладислав Цветковски повеќе од две децении работи како ликовен уметник и дизајнер. Во моментот раководи со Катедрата по графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде што предава дигитална технологија и графички дизајн. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 405 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Семинарот е мост меѓу генерациите македонисти
Легендарниот сценарист Карие доаѓа во Македонија
Дневник на интелектуалецот во егзил
Почина ненадминливиот детектив Колумбо
Промоција на ЦД и хорска музика на „Скопско лето“
Промоција на ликовна книга од Благојче Наумоски

"""