Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Почина ненадминливиот детектив Колумбо

Питер Фолк го играше детективот така што стана негов алтер-его, но умееше и од најмалите епизоди да направи одлични ролји

Сунчица Уневска

Во петокот, во 83. година од животот почина американскиот филмски и телевизиски актер Питер Фолк (1927 - 2011), познат на пошироката публика најмногу по легендарниот лик на детективот Колумбо, кој се претвори во негов алтер-его. Овој лик Фолк го играше речиси 30 години и за него освои бројни награди и номинации. Колумбо беше по многу нешта специфичен, воопшто не изгледаше како опасен детектив, но со својата посебност, ексцентричност, откаченост, па дури и навидум невешт, сепак, успеваше со многу симпатија и шарм да ги решава и најзамрсените случаи. Со Колумбо, Питер Фолк успеа да ја освои публиката низ светот и некако сите почнаа и да го поистоветуваат со него.

Но, Фолк играше и многу други улоги, два пати беше номиниран за „Оскар“, соработуваше доста со познатиот актер и режисер Џон Касаветис, кој ги одбележа 60-тите и 70-тите години, а повеќе признанија и одлични ролји од��гра и на театарската сцена, а особено на телевизијата. Питер Фолк е роден во 1927 година во Њујорк и на почетокот немал никаква врска со филмот. Завршил јавно управување и работел во Управата за буџет во Конектикат. Но, интересот за глума прво ќе се претвори во хоби и пасија, за подоцна да стане негова професија. Уште со првата улога на оф-Бродвеј ќе го сврти вниманието на себе со претставата „И ледарот дојде“ по делото на Јуџин О Нил, за веднаш потоа да продолжи со успех да игра на Бродвеј. За улогата во претставата „Заточеник на другата авенија“ ќе ја освои наградата „Тони“.

Напоредно со театарот Фолк веднаш ќе се испроба и на филмот, и тоа кај британскиот режисер Николас Реј во филмот „Ветер над мочуриштето“ во 1958 година. Неговиот специфичен изглед (низок, со нервозни движења и разрок, бидејќи како мал го загубил окото) ќе му донесе и доста карактеристични улоги. Најчесто играше физички работници со италијанско потекло, очаен, а често и склон кон насилство. Одлична улога ќе оствари кај Џон Касаветис во „Жена под влијание“, а за „Оскар“ ќе биде номиниран за епизодните улоги во „Организација на убиство“ на Стјуарт Розенберг и Барт Балабан и во „Шешир полн со чуда“ на Френк Капра. Играше Фолк и во „Мажи“ и „Големата неволја“ на Џон Касаветис, но и кај Стенли Крамер во „Тој луд, луд свет“, кај Џузепе де Сантис во „Италијанци, добри луѓе“, потоа кај Блејк Едвардс во „Најголемата трка околу светот“, па во „Чувари на замокот“ на Сидни Полак, во „Бринковата работа“ на Вилијам Фридкин, во „Девојка од Калифорнија“ на Роберт Одлрич. Филмот од 1987 „Принцезата невеста“ на Роб Рајнер, каде што го игра дедото и нараторот ќе се претвори во култен филм. Фолк одигра над сто улоги и играше се' до крајот. Можеби ќе го паметиме како Колумбо, но секако и како една особена личност и исклучителен талент.


#
Статијата е прочитана 521 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Семинарот е мост меѓу генерациите македонисти
Легендарниот сценарист Карие доаѓа во Македонија
Дневник на интелектуалецот во егзил
Изложба на Ладислав Цветковски во Њујорк
Промоција на ЦД и хорска музика на „Скопско лето“
Промоција на ликовна книга од Благојче Наумоски

"""