Отворените фудбалски школи во соработка со Општина Ѓорче Петров и годинава ќе ја организираат летната забавна фудбалска школа за момчиња и девојчиња. Над 200 деца на возраст од 6 до 12 години, од 18 до 22 август на игралиштата на фудбалскиот клуб Македонија во Ѓорче Петров и Волково во истоимената населба ќе посетуваат едукативни семинари. Децата ќе имаат шанса непосредно да се запознаат со тајните на фудбалот под стручен надзор на професионални тренери. (С.Н.)
Bravo za letnite fubalski skoli ama trebaa da se organiziraat preku celoto leto pa i deca sto ne otisle na odmor da imaat moznost da se zabavuvaat.Ne pisuva dali gi finansira opstinata ili trebaat roditelite da si platat i kolku kosta toa zadovolstvo?Informirajte korektno.