Утре ќе има затемнување на Месечината
Затемнувањето на Месечината ќе се случи утре помеѓу 21,35 и 0,44 часот в недела. Од Скопското астрономско друштво објаснуваат дека оваа појава ќе биде видлива и од Македонија, а ќе се случува во периодот кога нашиот природен сателит поминува во сенката на Земјата. Во 23,10 часот во максимумот од затемемнувањето 81 отсто од дискот на Месечината ќе биде навлезен во Земјината сенка, а останатиот дел во Земјината полусенка. Астрономите тврдат дека затемнувањето на Месечината е апсолутно безопасен настан за набљудување. Велат декаможе да се проследи и со голо око, или со двоглед и телескоп, доколку дозволуваат временските услови.
Скопското астрономско друштво ќе постави телескопи на плоштадот „Македонија“, а граѓаните ќе можат да ги користат во целиот период на затемнувањето. (Сн.К.) |