Ќе се снима игран филм за судбината на битолските Евреи
Осумдесет и шестгодишната Роза Камхи Русо беше единствена од семејството која го преживеа холокаустот
БИТОЛА - Денеска се навршуваат 66 години од депортацијата на битолските Евреи во Треблинка. Битола, која беше родна грутка на близу 3.300 депортирани Евреи, над половина век со почит се сеќава на своите сограѓани.
„Имав среќа или несреќа да ја преживеам депортацијата. Единствена од мојата фамилија се скрив во коларскиот дуќан на Ѓоко Тапанџиев, лоциран сред чаршија. И баш таа вечер, на 11 март, бугарските војници го опседнаа целиот еврејски кварт во Битола. Таму живееја само Евреи во гета. Најпрво лупнаа во дуќанот. Но, некој им свика: ‘не таму, тоа е дуќан‘ и си заминаа“.
Ова е уште една од илјадниците тажни приказни за битолските Евреи. Само мал дел од сеќавањата што до старост ја следат битолчанката Роза Камхи Русо (86), која во тоа време имала 21 година. Таа имаше судбина единствена од семејството да го преживее холокаустот, кога во логорите на смртта беа одведени нејзините најблиски, пријателите, соседите, жителите од Старата битолска чаршија.
Русо се потсетува дека во мартовската вечер се криеле и слушале како ги собираат сите други. „Со мене беше и Естреја Овадија-Мара. Оттаму се префрливме во подрум на продавница за тутун. Повеќе од еден месец во мала одаја спиевме, јадевме и вршевме нужда се' додека не добивме врска за партизани. Не стигнав во партизани. Ме фатија без документи и ме осудија на 18 години затвор. Добро е што по две години се ослободивме и така излегов на слобода“, додава Русо.
Локалната власт од Битола вчера ја промовираше идејата за снимање игран филм посветен исклучиво на битолските Евреи. Тој да биде снимен по сеќавањата на преживеаните Евреи раселени низ светот и да биде напр��вен по примерот на оскаровецот „Животот е убав“ на Роберто Бењини.
„Битолските Евреи оставија силен печат врз историјата на Битола. Во градот последните години остана да живее само уште еден Евреин. Тоа е Моис Сариевски. Но, за сите оние што беа депортирани, годинава направивме музеј што е сместен на еврејските гробишта во Битола. Во двете спомен-соби се презентирани повеќе фотографии во серии кои говорат за животот на битолските Евреи. Се надеваме дека сето ова ќе се надополни со сите оние предмети со кои некогаш се служеле нашите сограѓани, а останале во нивните некогашни домови“, рече Димче Миновски, претседател на Македонско-еврејското здружение од Битола.
Градоначалникот на Битола вели дека треба да се искористат сите сеќавања и спомени на Евреите кои се' уште се живи.
„Досега се снимија само документарни филмови, но не и играни. Овде има многу зајре за биоскоп. Јас со холивудскиот продуцент Бранко Лустиг, чиј филм е и ’Шиндлеровата листа‘, разговарав веќе во два наврата. Тој наскоро ќе дојде во Битола за да снима друг филм. Ова можеби ќе тече бавно, но сигурно“, изјави Владимир Талески.
Неслучајно изминатите години Битола е една од најпосетуваните градови во државата од израелски туристи. Само лани градот го посетиле над 5.000 туристи од оваа држава. (А.Б.)
i treba da se snimi film za evreite za site vo makeonija neka slsune i znae svetot sto pravele nasite osoboditeli koi sekoja vojna tvrdat deka go osloboduvaat bugarskiot narod , a od sto go osloboduvaat sega ke vidi svetot , go osloboduvaat od zivotot sto mu go odzimaat.
Од: radmila nikolic
Датум: 11.03.2009 12:33:29
podrska za snimanje film za se ona sto se slucuvalo na nasite tereni za vreme na deportacija na mnogu nevini zrtvi i sto pobrzo zapisi od malcete ostanati svedoci za da idnite generacii ne zaboravat.citatelka od plostad sloboda vo skopje
Од: Zoran
Датум: 11.03.2009 14:27:17
Ако некогаш се реализира оваа идеја,најдобро би би��о да ја режира Милчо Манчевски,бидејќи филмот ќе добие сигурно Оскар,зашто не памтам филм со тематика околу холокаустот досега да не добил Оскар,без разлика на квалитетна приказна или квалитетна камера...пр. е филмот ,,Животот е Убав,, во кој глумата и камерата беа на ниско ниво,а сепак доби Оскар