Два земјотреса, од кои првиот со послаб, а вториот со среден интензитет, прексиноќа и вчера изутрина го погодија регионот на југозападна Македонија. Посилниот земјотрес е регистриран вчера во 9,33 часот. Во Струга и Охрид е почувствуван со интензитет од 4 до 5 степени според Европската макросеизмичка скала, во Дебар и Кичево од 3 до 4 степени, а во другите места од југозападна Македонија со интензитет од 3 степени. Првиот и послаб земјотрес е регистриран прексиноќа 58 минути по полноќ во Струга и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала. (МИА)