Три партии ќе ги одмеруваат силите. Во Прилеп остана практиката да се гласа за партија, а не за личност
Моника Талеска
ПРИЛЕП – Остануваат уште десетина дена до изборите, кога 60.000 прилепчани ќе може да гласаат за нов состав на локалната гарнитура и ќе избираат градоначалник кој ќе го води градот во наредните четири години. ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ВМРО-НП преку своите кандидати ќе ги одмеруваат силите во Прилеп, каде што остана практиката да се гласа за партија, а не за личност.
Градоначалничката битка ќе ја водат актуелниот прв човек на градот, Марјан Ристески, дипломиран економист (37) и истакнат кадар на ВМРО-ДПМНЕ, магистерот по одбрана Тони Петрески (40), кандидат на СДСМ, и градежниот инженер Никола Апостолоски (60) од ВМРО-НП.
Сите тројца им се добро познати на прилепчани, сите се истакнати кадри од партиите од каде што доаѓаат. И сите тројца се убедени во сигурна победа. Тие имаат единствен мотив: да го направат Прилеп европски град и поубаво место за живеење.
Според многумина, фаворит е актуелниот градоначалник Марјан Ристески. Велат првпат со него почна да се гради нешто и Прилеп да излегува од сивилото на секојдневието. Наспроти нив се оние граѓани и гласачи кои жестоко ја критикуваат работата на Ристески и сметаат дека кој било друг ќе биде подобра опција за Прилеп.
А Ристески тврди дека ужива голем респект и меѓу граѓаните и во партијата. Потврда за тоа е фактот, вели, што е избран во редот на тројцата најистакнати градоначалници во цела Македонија. Досегашните резултати се императив за него и за неговиот тим да продолжат со работа, да ги подобрат условите за живеење и во градот и во руралните средини.
„Очекувам максимална поддршка од граѓаните за победа на овие избори, со цел да ги продолжиме успешните ��роекти во наредните четири години и Прилеп да го направиме пристојно место за живеење кое ќе биде гордост на сите граѓани. Ќе продолжиме со проектот на КФВ банка за конечно решавање на проблемот со водоснабдувањето, изградбата на општинската зграда, нов млечен пазар, капела на новите гробишта, доуредување на Могилата на непобедените, катната гаража, реконструкција на Старата градска чаршија. Но, планираме и бројни нови проекти кои ќе значат развој на градот од економски и инфраструктурен аспект“, објаснува Ристески.
Според него, со изградбата на слободна економска зона кај селото Алинци со државни пари, хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ со странски инвестиции, делумно ќе се ублажи проблемот со невработеноста, зашто се планираат околу 4.000 нови вработувања.
„Со изградбата на магистралниот пат Прилеп - Бабуна и доизградбата на третата лента на Плетвар, значи со подобрување на инфраструктурата, се создаваат услови за привлекување домашни и странски инвестиции, што е наша цел“, истакнува Ристески.
Во сигурна победа е убеден и кандидатот на СДСМ, м-р Тони Петрески, зашто вели дека ќе биде градоначалник кој ќе ги штити интересите на сите граѓани без оглед на партиската боја. Тој ветува дека со својот тим ќе ја врати вербата во институциите на системот, зашто ќе ги ослободи граѓаните од стравот што им го наметнала оваа локална гарнитура која, според Петрески, ги штити само интересите на членството на ВМРО-ДПМНЕ.
„Се кандидирам за градоначалник зашто ниту јас ниту граѓаните не можеме веќе да го трпиме ова самоволие на власта. За четири години не е ништо добро направено, освен една фонтана со Итар Пејо во Старата чаршија. Сите проекти што се реализирани се започнати од СДСМ, а Ристески само ги продолжи. Значи, нема со што да се пофали. Дури и фонтаната на плоштадот е со пари од германската КФВ банка, проект чија реализација започна во 2002 година кога СДСМ беше на власт“, потенцира м-р Петрески. Тој жестоко ја критикува работата на Ристески, особено во делот на комуналните такси.
„Еве што направи овој градоначалник: ја зголеми неколкупати цената на водата, на комуналиите, на данокот на имот. Едноставно, безмилосно ги зема парите од сиромашните прилепчани, од 26.000 невработени и илјадници семејства социјални случаи за да ја полни општинската каса, а градот и граѓаните немаат никакви позитивни ефекти. Затоа приоритет на мојата програма се комуналните такси. Уште првиот работен ден ќе ги намалам давачките за сите комунални такси: цената на водата, фирмарината, даноците. Оти ако едно семејство пред четири години плаќаше 500 денари комунални такси, сега плаќа 1.500 денари. Затоа срамота е да се фали Ристески дека ги подобрил или ќе ги подобри условите за живеење на прилепчани“, вели м-р Петрески.
Тој најавува многу инфраструктурни проекти: изградба на два булевара, три моста на градската река, зимски ски-центри во Селце и на Селечка Планина. Од друга страна, вели дека ќе се формира општински фонд за помош на социјално загрозените семејства и трајно згрижување и топол оброк за бездомниците, а тешките социјални случаи ќе бидат ослободени од плаќање комунални такси.
Намалување на комуналните давачки е приоритет и во програмата на Никола Апостолоски, градоначалнички кандидат на ВМРО-НП.
„Оваа локална власт се залага за даночен систем на европско ниво, а со африкански плати. Мора најпрво да се подобрат условите за стопанисување, за влез на домашни и на странски инвестиции. Во таа насока ќе го обновам занаетчиството, дефицитарните занаети ќе бидат ослободени од плаќање даноци, а новите трговски фирми во зависност од дејноста од една до шест години. Само така ќе ги стимулираме да вложуваат и да вработуваат нови кадри. Локалната администрација ќе биде ставена во функција на олеснување на постапката за остварување на проектите на инвеститорите. Изградбата на слободна економска зона и фондови за помош на социјално загрозените семејства се дел од проектите за решавање на социјалната криза и невработеноста во која тоне градот цели 18 години“, потенцира Апостолоски. Тој ветува дека како градежен инженер и добар стручњак со нов главен и детални урбанистички планови ќе го подобри урбаниот лик на Прилеп, кој сега вели е само збир од желби на поединци.
„Со делата на оваа локална власт изгледа дека Марко Цепенков бил шахист, а не собирач на народни умотворби, а Методија Андонов-Ченто сигурно не бил човек кој го регистрирал паркирањето на возилата. Квази детски игралишта се градат на простори каде што н�� одговараат. Не е гарантирана безбедноста ниту на децата ниту на возрасните“, критикува Апостолоски, за кого изградените сообраќајници личат на турски сокачиња.
Prilep veke pocna da lici na evropski grad i toa so pomos na dosegasniot gradonacalnik ,znaci toj sto e dobar prodolzuva ponatamu
Од: vlatko naumoski
Датум: 11.03.2009 01:06:51
vreme e da si odi Marijan dosta e
Од: narodna
Датум: 11.03.2009 01:36:27
Никола Апостолоски за градоначалник на Прилеп.Доста беше од урбаната мафија на маријан ристески и перењето пари на сметка на народот која го залажува со фонтани и паркови наместо да се отворат нови работни места...
Од: josip
Датум: 11.03.2009 02:24:03
Ne samo vo Prilep tuku sekade vo Makedonija ke pobedi koalicijata predvodena od VMRO-DPMNE, takvo e raspolozenieto na graganite,neka bidat zadovolni od opozicijata ako osvojat nekoe gradonacalnicko mesto.
Од: dule
Датум: 11.03.2009 05:00:28
za evropski prilep moze da vetuvaat site ama toj sto ke go ispolni toa sto go vetil e samo eden cove nikola a ke mu pomogne i ivanov samo tie sto ke vetat se ispolnuva na drugite ne im veruvam
Од: jas
Датум: 11.03.2009 08:59:58
Sto e napraveno ovie 4 godini vo Prilep?
Raskopani nekolku postojni ulici , prosireni za polovina metar i nekvalitetno asfaltirani, povtorno.Raskopani nekolku fontani i pak napraveni.Popravena ulicata vo Starata charshija i postaveni ulicni klupi od 300 evra , kandelabri od 400 evra i kineski cresi ( sadnici ) od 1000 evra!Sto drva ke bea toa , sadnica 1000 evra.
Takov Prilep ne mi treba !!!Vo Opshtinata , po kancelariite ima tolku mnogu prevrabotenost po partiska linija,sto lugjeto sedat po masite , nema stolici za site , a ne daj boze da ti treba nekakov dookument da izvadish, nema teorija !Dgubretarinata i taksata za voda se pokaceni 100-300%, ima eden kup dukanchinja sto nemaat ni firma ni bilo sto, a inspektorite ne im mozat nisto , a pak onie koi imaat firma , dushata im ja vadat!!!Uste 4 godini , NE , BLAGODARAM!
Од: pozy
Датум: 11.03.2009 09:27:51
Prilep za prv pat ima ista lokalna i centralna vlast, i toa se primetuva po se sto e napraveno, baska i coekot si e epten na mesto i si zasluzuva najmalku uste eden mandat. Ova treba da bide easy two za nego. Samo napred Marjan brkaj si rabota, megu najdobrite si.
Од: slartibartfast
Датум: 11.03.2009 09:38:30
Dobro e da se urbanozira gradot ama da ne se pravi toa so sila i bez nikakov vkus. Onaa fontana na plostadot i katastrofa, onaa do saat kulata e beter (Gice), da ne zboruvame za mali parkcina so mali ezerca(zabjarnici).
Barem ednas da se konsultiraa so strucni luge arhitekti i umetnici. Ama toa ti e.
Од: prilep
Датум: 11.03.2009 09:42:06
Toa sto prilep zalici malku ne e blagodarenie na Marjan gradonacalniko tuku blagodarenie na stranskite donacii a Marijan i druzinata kolku ukradoja toa samo tie znaat zatoa sto nema koj da mu dise vo vratot, zatoa sto imame retardirana opozicija toa sto ima mnogu pari vo kasata na grad prilep e zatoa sto nikogas olku ne ne derele danocite se krenati po 200%ovie se kako janicari
Од: Flaster siti
Датум: 11.03.2009 10:50:03
Треба човек да е забеган од умот па да речи дека Луди Милојко е подобар градоначалник од Заев и Аце Коцески. Тие двајца за својата работа добија официјални признанија од УСАИД. Од кого доби Марјан, од баба му од Австралија?
Од: 007
Датум: 11.03.2009 11:19:56
Toni Petreski e vistinskoto lice koe mu e potrebno na Prilep vo momentov zatoa sto dosegasniot gradonacalnik Risteski nisto ne napravi za da go podobri zivotot na Prilepcani.Osven Itar Pejo i fontani drugo Marijan Risteski nisto bukvalno ne napravi za Prilep i Prilepcanu.
Од: nevrabotena
Датум: 11.03.2009 12:10:15
A tie novite vrabotuvanja, ke bidat pak po partiski kluc ili nesto sustinski ke se smeni, zatoa sto nigde po javnite pretprijatija ili po drzavnite sluzbi ne se disi duri od "dobri partiski vojnicinja", i "zasluzni partiski clenovi", samo se prasuvam dali fontanite i spomenicite ke donesat rabotni mesta ili treba da ne tesi toa sto vo kapelata na novite gradski grobista mozat da se vrsat i do tri bdeenja odednas pa zatoa mozeme i da ispocrkame na raat, bez cekanje red.
Од: Koki
Датум: 11.03.2009 13:29:21
Mozebi Risteski napravi nekolku fontani, asfaltira nekolku sporedni ulicinja (sto e OK), i ednostavno kazano go "nasminka" Prilep, no spored mene toa voopsto ne e prioritetno. Gradot e megu prvite po nevrabotenost vo Makedonija, a na toa voopsto ne se rabotese. Gradot, isto taka ima mnogu visoki davacki za gubrarina, firmarina, i slicni komunalni trosoci. Znaci, koga se ke se sobere - situacijata e jasna: DEFINITIVNO RAZUBAVEN PRILEP, no vo pogled na finansii i vrabotenost PRILEP NA ISTO NIVO KAKO PRED 4 GODINI. E sega..... protivandidatite ne gi poznavam, a spored iznesenoto ne nudat nisto konkretno! Sto znaci, koga jas ke izlezam na glasanje samo ke go precrtam livceto i gotovo!:)))))
Pozdrav za site!
Од: Cento
Датум: 11.03.2009 14:55:20
Evropski Prilep so gubristeto vo Alinci? Vo Prilep izrastiv i e moj najsakan grad na Svetot. Ne ziveam poveke vo Makedonija i neme interesira politika ali cesto si doagam vo rodnoto mesto kade sto imam kuka. Pa moram za zal da kazam deka mnogu malku se promenilo nesto za ovie 15 godini. Duri i kanalizacijata sami si ja praevme koja koga ke zavrni posilen dozd se vraka duri doma
Од: revoltiran
Датум: 11.03.2009 16:10:30
abe se cudam kako mozi nekoj da zbori vo polza na marjan risteski,koga cel prilep go napravi diktatorski prestol na vodicot Nikola..na koe nivo e doveden gradot,ova ne se slucuva ni vo SUDAN,vakov rezim ne e viden nikogas..marjan so negovata neobrazovana tajfa praj so ke mu se soni,a toa go ispolnuva so pomos na negoviot Bos,tkn."patriot",NIkola..3 meseci odkako dojde na vlast vo prilep,marjan si ovozmozi dva novi avtomobili za nego i za negovata zena,koi cinat preku 22000evra...(imaat stedeno od negovata plata)i baska toa so ne go prikazuva kako negov "licen dohod"..se cudam stvarno kako moze prilepcanec da glasa na 22 mart za deteto na Gruevski,koe mozebi asfaltira 2-3 ulici i napravi nekolku parkcinja..a za drugoto deka siromastijata e vo prv plan vo prilep,na nikoj ne mu e galje...zato luge razmislete i dajte prav glas na 22 mart..DA PRESTANE OVAA DIKTATURA...DOLU MARJAN
Од: Trajko
Датум: 11.03.2009 16:27:26
Na Marjan sigurno ke mu trebat minimum ushte dva mandata da izgradi kapela i katna graza.Katnata graza trebase da ja gradi istiot investitor koj ja gradeshe i vo Strumica.No samite si gi zamrsija koncite so vladata sakajki da unishtat eden aftoritativen i sposoben gradonachalnik od golema ljubomora,sakajki da prikazat dalavera.Ljubomorni luge ne postignuvat nishto.Slobodno treba da si gi prebrojat rezultatite,postignati na gradonachalnicite od vladeachkata koalicija.