Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија
Кавга меѓу акционерите ја блокира тетовската млекарница

Вработените на тетовската млекарница и вчера не работеа и ги блокираа приодите

 

Гојко Ефтоски



ТЕТОВО - На млекопроизводителите од тетовскиот крај петти ден им пропаѓаат по најмалку 12 тони млеко дневно, кое или го даваат бесплатно на соседи или од дел прават млечни производи, а еден дел им останува и се расипува. Тоа е епилогот на млечната криза што се' посилно го притиска тетовскиот крај. Барајќи спас за состојбата, млекопроизводителите вчера еден час го блокираа тетовскиот суд, а потоа половина час и зградата на локалната самоуправа. Тие имаат едноставно барање - тетовската млекарница да им го откупува млекото и да им го плати долгот. Не ги интересираат сопственичките односи и меѓусебните препукувања на раководството поставено од „Мак монтинг“ - Штип и 50-ината работници и во исто време акционери. Водеа разговори во судот со претседателот Томислав Бошковски и во локалната самоуправа со секретарот Лејла Кадриу, од каде што пренесоа речиси идентични одговори за целосно разбирање за нивните проблеми, но и неможност да им помогнат.

Негодувањата ги пренесе потпретседателот на Здружението, Перо Матовски, бидејќи претседателот и најголем фармер во Тетовско, Нуредин Абдулаи, поради неколкудневните стресови, има проблеми со срцето, поради што е задржан на лекување во тетовската болница. Абдулаи дневно давал по 500 литри млеко, а Матовски по 400 литри.

„Потценети сме и омаловажени. Трет месец не сме добиле пари, а цената на литар млеко е на понижувачки 14-16 денари. И тие пари не ни ги даваат во готово, туку не' принудуваат да земаме кашкавал по 350 денари килограм или други млечни производи по повисоки цени и на тој начин ни се раздолжуваат. Подигавме кредити, инвестиравме, купувавме крави, се надевавме дека ќе опстоиме. Не' оставија на цедило. Политичарите никаде ги нема. Се појавуваат само за гласови. Претходно ги изгубивме работните места во фабриките, станавме технолошки вишок, не стекнавме право на пензии, никој не не' вработува, а сега ни е загрозен животниот опстанок и со овој мал приватен бизнис“, вели Матовски.

Душан Антовски вели дека во неговото село Ротинце, од кое најмногу луѓе останале без работа, веќе имало 700 крави од кои го обезбедувале опстанокот. „Ни го плаќаа млекото по 22-23 денари, сметавме дека ќе опстоиме. Ги намалија цените на понижувачко ниво и нередовно плаќаат. Еве, и во вакви услови не ни го откупуваат“, вели Антовски.

Сите што се најдоа на блокадите имаа свои приказни. Зекирја Идризи од Слатино вели дека имал 15 крави и дека сега размислува да се ослободи од нив, но не знае како да се извлече од оваа криза, а Богосав Јовановски од Радиовце раскажува како 60 години е кооперант на млекарницата и првпат му се случува на ваков начин да му се создаде проблем. Назим Зендели од Палатица пренесе дека со млеко сега ги гости соседите, зашто пресно млекото не трае ниту еден ден.

Вработените на тетовската млекарница и вчера не работеа и ги блокираа приодите. Не успеавме да исконтактираме со извршниот директор Димитар Брашнаров, а работникот и акционер Раско Михајловски пренесе дека проблемот може да се реши со одржување јавно собрание. Михајловски смета дека во сите овие збиднувања во млекарницата е замешан висок полициски функционер. Како што вчера објави „Утрински весник“, 50-ина акционери од Тетово отишле во Штип да учествуваат во работата на акционерското собрание. Обезбедувањето на „Мак монтинг“ потоа ги исфрлило. Собранието било одржано без нивно присуство и за нив донесените одлуки се невалидни и нелегитимни. По враќањето во Тетово, се одлучиле за прекин на работата и блокирање на приодите до млекарницата. Акционерите тврдат дека го поседуваат мнозинскиот пакет од 55 отсто, а раководството на млекарницата тврди обратно. Сепак, во утврдувањето на доминантноста одлучувачка треба да биде одлуката во Основниот суд во Тетово, каде што се води спор за вредност од 9 отсто од акциите. Можеби тука се крие загатката за мнозински акционер и токму тоа е причина што млекопроизводителите вчера ги започнаа блокадите токму пред судот.

 


Статијата е прочитана 196 пати.

Испрати коментар

Од: Milan
Датум: 11.03.2009 14:36:13
situacijata vo mlekarata vo tetovo e mnogu jasana,samo na nakgo toa ne mu odgovara.Na dve prethodni sobranija odrzani vo Stip firmata akcioner makmonting ne dozvoluva da se odrzi legalno sobranie i pri toa gi maltretira akcionerite i brutalno gi isfrla.Da se zaprasame zosto e toa taka?Koj tuka go ima mnozinskiot paket na akcii??? Pozdrav do akcionerite i vrabotenite vo AD Mlekara Tetovo!!!

Најди! во Утрински
Македонија
Големи ветувања за европски Прилеп
Два земјотреса во Македонија
Трета масовна акција за пошумување
Ќе се снима игран филм за судбината на битолските Евреи