Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Хроника

Врие од медицински грешки, а се кријат

Во Македонија официјално има од 80 до 120 медицински грешки

Јасмина Јовановска

Медицинските грешки што завршуваат фатално за животот на пациентите, се кријат по болниците и по клиниките во земјава. Официјално, во текот на годината се пријавуваат од 80 до 120 медицински грешки, но стручњаците предупредуваат дека бројката е нереална. Според нив, во земјава има далеку повеќе медицински киксови, но тие не се евидентираат. Лекарите сметаат дека причина за тоа е недоволно развиениот систем на пријавување на медицинските грешки. Ова се само дел од забелешките што беа изнесени на 17. Симпозиум на лекарските комори од Централна и од Источна Европа, на кои лекарските еснафи дискутираа за безбедноста на пациентите и за квалитетот на медицината.

Дискутантите укажаа дека и покрај тоа што постои Закон за права на пациентите, кој е донесен во 2008 година, тој во практиката тешко се реализира и за него малку се знае. Најчесто за медицинските грешки болните се жалат на несоодветно место, на пример, во медиумите, а некогаш случаите ги пријавуваат во Министерството за здравство, односно во Здравствено- санитарната инспекција, а помалку пријави има до Лекарската комора.

„Причината за медицинските грешки се од човечката несовршеност до многу недостатоци во здравствениот систем“, ук��жа д-р Владимир Борозанов, претседател на Лекарска комора на Македонија.

Лекот, според него, е во изработување на национална стратегија за подобрување на квалитетот на здравствената услуга, со што ќе се подобри и безбедноста на пациентите. Но, во услови на ограничени ресурси за финансирање, тоа може тешко да се реализира, поради што е потребна помош и од Светската здравствена организација и од Европската заедница. Затоа, додаде д-р Борозанов, ако веќе имаме европска легислатива, треба да се насочиме кон едукација како на пациентите, така и на лекарите и на јавноста за безбедноста на болните, но да има и контрола врз квалитетот на медицинските информации.

Медицинските грешки не и се случуваат само на Македонија. Во светот годишно се регистрираат по седум милиони медицински грешки, при што како последица умираат околу еден милион пациенти.

„Кај нас нема статистика колку има болнички инфекции или колку медицински грешки се случуваат во операционите сали. Додека не се евидентира проблемот, тој не може да се искорени“, забележа д-р Јован Тофоски, претседател на Македонското лекарско друштво.

За намалување на медицинските грешки мора да се воспостават системи на јасни протоколи при секоја операција или интеревнеција, кои ќе бидат видно истакнати, како, на пример, кои чекори треба да се направат пред да се стави анестезија на пациентот.

„Со ваквиот модел се покажало дека медицинските грешки може да се намалат од 32 до 50 отсто“, потенцира д-р Тофоски. Според него, Лекарската комора треба да се насочи кон ваквите јасни протоколи зашто тие не чинат многу. „На нивно пополнување се губи само три минути, а бенефитот од нив е огромен“, додаде Тофоски.

За разлика од нашата земја каде што се' се врти околу медицинскиот тим, во другите земји се става акцент на негата на болниот. Колку повеќе се обезбедат средства за нега на болниот, толку шансите за медицински грешки се помали.


#
Статијата е прочитана 1629 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 02.10.2010 14:29:26
Zdravstvoto vo Makedonoija e vo kolaps, no sepak se pravi golema nepravda prema drzavnoto zdravstvo. A1 televizija i Mence Toci vodi hajka protiv drzavnite bolnici koi zbrinuvaat povece od 95% od bolnite vo Mkaedonija, kadew se iznesuvaat lagi i nstrucni komentari za navodni greski so cel da se prenasocat bolnite kon privatnitew kliniki. Relacijata na Orce i Zan Mitrev so Velija e poznata. Za pari se raboti A1 a ne za dobro na narodot. a1 ne objavuva komentari od ovoj vid a siguren sum deka Utrinski ce objavi.
Од: svetlana
Датум: 02.10.2010 16:32:57
taka e mi se cini deka premnogu pogresni diagnozi postavuvaat no koj se osmeluva da tuzi doktori poradi greska sekogs se vo pravo imaat poseben status vo opsestvotot nikoj ne odgovara za nivnite greski
Од: Трпе
Датум: 03.10.2010 10:39:58
Македонче си е македонче ,научено да трпи.Кубурот ке му се најде за некое друго време,без разлика што турчинот му ја силувал жената.Е така нас, не силува државата со државното здравство а ние си трпиме.Државното здравство е за социјалата а не за овие кои имат пари.А народот си умира по болниците ,ако имаш пари ке те лекуват,ако немаш умри си како куче.Затоа се кријат јавните тајни.Власта обичниот човек го гледа само како гласач а за други работи да му помогне баш им е гајле.Но самиот народси е виновен.Кој нема пари,значи нема и ум.Па во болниците со тебе ке експериментират како глушец.
Од: Goce
Датум: 03.10.2010 11:03:14
Ne e problem do zdravstvoto, problem e do obrazovanieto... Dali uste ke se molci i ignorira faktot deka vo srednite ucilista, posebno vo Tetovo se prodavaat diplomi bez nitu eden den nastava i bez eden den nastava...

Најди! во Утрински
Хроника
За грабежот кај Прилеп - 34 години затвор
Одбраната ги оспорува балистичките вештачења
Затвореник од хоби продавал дрога
Момче загинало крадејќи бакар од трансформатор
Денеска по пасоши и лични карти
Се самоуби полициски инспектор






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma