Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Хроника

За грабежот кај Прилеп - 34 години затвор

За кражбата на возилото на Стопанска банка, осудени се седуммина. Украдените пари не се пронајдени

Триесет и четири години затвор им пресуди Судскиот совет од Основниот суд во Прилеп на седумтемина обвинети за кражбата на 27 милиони денари на прилепската филијала на а.д. Стопанска банка од Битола, што се случи на 8 јануари годинава. По 13 години затворска казна добија првообвинетите за разбојништво, Жарко Николовски (41) од Скопје и Марјан Трајкоски-Клунот (40) од Прилеп. Зоран Димитриески е осуден на затворска казна од три години поради помагање по извршениот грабеж, а тригодишна казна затвор доби и Зоран Наумоски, кој се' уште е во бегство, поради прикривање. Дејан Проданоски и Ѕвонко Темелкоски треба да издржат по девет месеци казна затвор, а последниот обвинет Гоце Темелкоски е осуден на седум месеци казна затвор. Тројцата се обвинети за помагање по извршениот спектакуларен грабеж на 450 илјади евра. Седумтемина ќе останат во притвор до правосилност на пресудата. Првообвинетите Николовски и Трајкоски на критичниот ден околу 12 часот во близина на хотелот „Салида“, кај клучката на излезот од Прилеп, со возило марка „голф 5“ го запреле службеното возило „рено 5 кампус“ на Стопанска банка во кое се наоѓале двајца вработени: Благоја Шипинкароски и Петар Ристески. Тие ги пренесувале парите од трезорот во Прилеп до банката во Битола. Николоски и Трајкоски со гасен пиштол им се заканиле и насилно ги избркале вработените на Стопанска банка од возилото и се упатиле по патот за Скопје. Подоцна тие влегле во градот, во гаражата на Трајкоски го скриле возилото, а парите му ги дале на Зоран Димитриески. Тој потоа му го предал пленот од 27 милиони денари на Зоран Наумоски, кој е во бегство. Останатите тројца се виновни зашто им помогнале на другите обвинети, криејќи ги во своите домови.

Полицијата бргу го расветли случајот, но парите не се откриени. Обвинетите се задолжени да и' ги вратат украдените пари на а.д. Стопанска банка - Битола со камата, кои и по долгата истрага, се' уште не се пронајдени.

(Мн.Т.)


#
Статијата е прочитана 1237 пати.

Испрати коментар

Од: usamk
Датум: 03.10.2010 15:46:43
Kako toa gi nema parite.. prasajte gi brankovcki i grujovci ke vi kazat odma kaj se parite.. i nemoj tuka da pisuvate olku zatvor onolku zatvor.. site se na sloboda..

Најди! во Утрински
Хроника
Врие од медицински грешки, а се кријат
Одбраната ги оспорува балистичките вештачења
Затвореник од хоби продавал дрога
Момче загинало крадејќи бакар од трансформатор
Денеска по пасоши и лични карти
Се самоуби полициски инспектор






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma