Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Хроника

Одбраната ги оспорува балистичките вештачења

Со констатација дека еден од четворицата осудени за убиството на полицискиот специјалец Зоран Марковски е починат, Судски совет на скопска Апелација вчера ја започна јавната седница закажана по приемот на првостепената пресуда. Судскиот совет ги информираше присутните дека од Министерството за правда примил допис со кој се потврдува дека второбвинетиот Харун Алију починал на 10 мај оваа година, а потоа беше донесено решение со кое се запира постапката за него.

За убиството се осудени на доживотен затвор Харун Алију викан Кушо (39), Исмаил Аќеми се прекар Тиха (27) и Башким Бајрами (31). Беким Дарлишта (32) за непријавување подготвување на кривично дело беше осуден на три години затвор.

Во жалбите на осудените се оспоруваа дел од доказите што беа изведени на претходното судење. За одбраната не беа спорни само балистичките вештачења, за кои беше речено дека делумно навлегуваат во ингеренциите на работата на експертите за судско-медицински вештачења, туку и записниците што се воделе. Според одбраната, постои отсуство на материјални докази, а пресудата е нејасна.

Полицискиот „тигар“ Зоран Марковски беше убиен во јануари 2008 година, при напад на полицискиот џип во кој се наоѓале и четворица негови колеги. Јавното обвинителство го оквалификува нападот како одмазда за полициската акција „Планинска бура“, која беше реализирана во тетовското село Бродец. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 624 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
За грабежот кај Прилеп - 34 години затвор
Врие од медицински грешки, а се кријат
Затвореник од хоби продавал дрога
Момче загинало крадејќи бакар од трансформатор
Денеска по пасоши и лични карти
Се самоуби полициски инспектор






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma