Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Политика

Фрчкоски: Ќе се борат неколку кандидати и една партија

Претседателскиот кандидат на СДСМ и НСДП, Љубомир Фрчкоски, вчера имаше средба со евроамбасадорот Ерван Фуере, кого го запознал со своите гледања на ситуацијата во Македонија и програмата за претседателските избори. „Од амбасадорот ги слушнав нивните идеи околу точките за кои се загрижени, а кои посебно ќе ги следат во текот на изборниот процес, и големата концентрација на меѓународниот интерес на овие избори заради важноста за политичките текови кои Македонија може да ги земе потоа“, рече кандидатот на двете опозициски партии.

Замолен да ги коментира обвинувањата што доаѓаат од претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов, Фрчкоски рече: „Не коментирам кандидати кои во принцип немаат сила да се соочат и да кажат нешто конкретно за тоа како мислат да ја водат земјата, туку седат во пазувите на своите партиски шефови. Македонските граѓани не заслужуваат такво криење. На овие избори ќе се борат неколку кандидати и една партија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, која мисли да му го избори мандатот на својот кандидат“.

Според Фрчкоски, централна тема нема да биде името, туку сиромаштијата и внатрешното пропаѓање на Македонија. Таа не може да се избегне, бидејќи ние се уриваме стравотно брзо и по нашите улици перманентно има групи што протестираат, бидејќи Македонија е под индексот на апсолутна сиромаштија зад Албанија, состојба која никогаш не се случила во историјата на државата.

Значи, тоа ќе биде главната тема поврзана со можностите претседателот да отвори опции на нормална меѓуна��одна комуникација на земјата, на враќање на нејзиниот драматично нарушен меѓународен углед и за брзо интегрирање во НАТО и во ЕУ. (Б.Ј.)


Статијата е прочитана 821 пати.

Испрати коментар

Од: trajko skopje
Датум: 20.02.2009 08:43:05
Само напред,на овој народ потребно е некој да му ја објасни добро ситуацијата во која се наоѓа
Од: Isplasen kandidat
Датум: 20.02.2009 10:49:38
Ivanov e edna marginalna stereotipna i beznacajna licnost, celno postavana vo ovaa polozba , bidejci so nejziniot skromen integritet i intelektualen kapacitet e lesen plen za manipulacija.Koga Frckovski go povika na direkten TV duel zaedno so negoviot sef, Ivanov tolku se isplasi , pa da mozese da se pikne pod kaputot na Gruevski. takov Pretsedatel ne ja vodi Makedonija nikade.
Од: d.t.a od Kavadarci
Датум: 20.02.2009 11:25:08
A toj da ne e nezavisen ili pak partijata negova go isfrlila a da ne znaeme. Ima nezavisni kandidati i onie koi se poddrzani od nekoja partija. Mozebi Frckovski samo VMRO ja smeta kako partija sto i navistina e . I onaka negovata partija e veke pred propast, ovie izborite moze malku da ja zivnale. Hahaha.
Од: Irina,kavadarci
Датум: 20.02.2009 12:12:36
hahaha sto izjavuva Frckoski....ps i koga ke se poglednat rabotite podetalno ke vidime deka i postoi samo edna seriozna i zrela partija vo Makedonija a toe eVMRO-DPMNE

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Поради инцидент откажана трибина во Струга
ВМРО-ДПМНЕ- Фрчкоски ги менува ставовите и навредите
Грција не може да има монопол врз антиката
Се избира ректор за неформиран информатички универзитет
„Транспарентност - Македонија“
Груевски ги кани СДСМ, ДУИ и ДПА на лидерска средба
Жешки точки на изборната мапа
Експресните закони паѓаат на Уставен суд
ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со 18 партии
Канал 5 не заштити идентитет на малолетна жртва
Каракамишева и Вакнин консултанти во здравството?