Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Политика

Груевски ги кани СДСМ, ДУИ и ДПА на лидерска средба

Средбата ќе биде посветена на претстојните избори

Премиерот Никола Груевски вчера испрати писмо до лидерите на трите најголеми парламентарни партии со кое ги кани на лидерска средба в недела во Клубот на пратениците. Средбата, како што се наведува во писмото, ќе биде посветена на прашања поврзани со претстојните претседателски и локални избори и разгледување на сите аспекти како предуслов за нивно одвивање во фер и демократска атмосфера.

„Претстојните изборни циклуси во нашата држава, потребата од нивно одвивање во фер и демократска атмосфера и натамошното унапредување на демократските процедури во нивното спроведување, е едно од приоритетните прашања со кои се соочува нашата држава, и тоа е од значење за натамошната европска интеграција на Република Македонија и нејзиниот севкупен демократски развој. Земајќи го предвид фактот што успешното одвивање на овие процеси е предодредено од постоењето на политичка волја, позитивен пристап и посветеност од сите политички субјекти во државата, а со цел градење позитивна атмосфера во пресрет на изборите, истакнување на политичката одговорност, како и демонстрирање заедништво околу овој важен приоритет, ве поканувам да оствариме заедничка средба на која би присуствувале лидерите на четирите најголеми парламентарни партии“, се вели во писмото што премиерот Груевски го испрати до СДСМ, ДУИ и ДПА.

„Веруваме дека Груевски е свесен дека декларацијата за фер и демократски избори ја потпиша во истото друштво во кое ги организираше предвремените парламентарни избори поради кои Македонија доби единица по демократија“, се вели во вчерашната реакција на СДСМ.

Оваа партија ја потсети владејачката коалиција дека не е доволна само декларативна заложба за фер и демократски избори туку како власт на терен да обезбеди услови за такви избори.

„Ако по утрото се познава денот, тогаш јасно е дека Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и потписниците на декларацијата немаат воопшто намера да организираат фер избори“, нагласуваат од СДСМ и бараат Груевски јавно да се обврзе дека на гласачките места ќе биде забрането користење на мобилните телефони.

„За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе сториме се' што е во наша моќ претстојните избори да бидат одржани во атмосфера што и'прилега на земја која сака да влезе во ЕУ и во НАТО“, велат од СДСМ и додаваат дека нивниот пристап ќе му го повторат на Груевски и на претстојната лидерска средба. (П.Р.) 


Статијата е прочитана 307 пати.

Испрати коментар

Од: KOBRA
Датум: 20.02.2009 00:51:43
Mislam deka premierot ima lice i volja pa gi kani liderite na sredba ,no se plasam deka SDSM edno zboruvat a drugo pravat a za telefonite tie gi teraa lugeto sto gi vrabotuvaa vo nivno vreme i na onie sto im obeca rabota gi teraa da go slikaat glasackoto livce da se vidi za kogo se glasalo i koga izleguvaa od izbornoto mesto gi proveruvaa ,pa sega ni prodavaat basni i ja prefrluvat vinata na drug.
Од: d.t.a od Kavadarci
Датум: 20.02.2009 11:47:16
VMRO nemale namera da organiziraat fer izbori. Pa razmislete dobro na kogo najmnogu mu odgovara da ima fer izbori? Na site sekako, no najmnogu bas na vladeackata partija bidejki kako i za se drugo ako ima nekakvi incidenti site ke se povikaat na niv i ke vperat prst vo ni. Da se nadevame deka site lideri ke go svatat ovoj povik dosta seriozno i se ke pomine vo najdobar red na 22 mart.
Од: Irina,kavadarci
Датум: 20.02.2009 12:05:02
Politicar koj najmnogu go pocituvam e Gruevski,covek so vizija,pobornik za demokratija kako i za zacuvuvanje na nasata kultura...pozzz
Од: amelija
Датум: 20.02.2009 14:13:46
Site go pozdravuvame ovoj pozitiven cekor na premierot i se nadevame deka i opozicijata ke sobere sili da se vozdrzi od nasilie i ke imame fer i demokratski izbori i koi pozitivno ke vlijaat na izvestajot od evropskata komisija i poskoro odreduvanje data za pregovori za clenstvo vo EU.pozdrav !
Од: Раде
Датум: 20.02.2009 14:23:18
Нека оди Груевски заедно со Иванов на ТВ дуел со Фрчкоски а не тука лидерски средби барал. Во овој период потребни се други ‘средби‘ кои во современиот демократски свет се нарекуваат ТВ дуели. Таму треба да оди и јавно да го видиме и него и неговион Иванов на јавни соочувања со протикандидатите
Од: Ime Kavadarci
Датум: 20.02.2009 18:35:24
Kulturen covek nema sto. Si raboti i ne go interesiraat prostite obvinuvanja na SDSM. Cela Makedonija e so tebe.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Поради инцидент откажана трибина во Струга
ВМРО-ДПМНЕ- Фрчкоски ги менува ставовите и навредите
Грција не може да има монопол врз антиката
Се избира ректор за неформиран информатички универзитет
„Транспарентност - Македонија“
Жешки точки на изборната мапа
Експресните закони паѓаат на Уставен суд
ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со 18 партии
Фрчкоски- Ќе се борат неколку кандидати и една партија
Канал 5 не заштити идентитет на малолетна жртва
Каракамишева и Вакнин консултанти во здравството?