Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Политика

Жешки точки на изборната мапа


Ќе успее ли Зоран Заев да го зачува своето место во Струмица пред Силвана Бонева, е едно од најинтересните прашања

Струмица, Куманово, Велес, Струга, Гостивар се дел од општините во кои се очекува интересен изборен натпревар

Александра М. Митевска

Додека пред очите на граѓаните секојдневно се вртат сцените од спектаклот наречен претседателски избори, во заднината тивко, ама интензивно се подготвуваат тактиките за освојување на локалната власт. Притоа, се пресметува и во колкав процент гласовите што би ги освоил одреден градоначалнички кандидат би легнале на контото на претендентот за претседател од истата политичка опција – и обратно.

„Во изборите се испреплетуваат многу интереси - партиски, но и лични. Сепак, на претседателските избори еден е победникот, а на локалните учествуваат многу актери, така што е јасно каде интересот е поголем“, изјави неодамна Стефан Буџаковски, професор на ФОН.

Професорката Билјана Ванковска, пак, во една прилика коментираше: „Штом толку пратеници решиле да се кандидираат за градоначалници, јасно е дека во локалната власт лежат ресурсите“.

Струмица, Велес, Куманово, се некои од градовите во кои владејачката партија реши да игра со проверени адути. На териториите на овие три општини се очекува мошне интересна битка, бидејќи владејачките партии имаат големи амбиции да ги освојат досегашните упоришта на опозицијата. Доп��рна точка на овие општини им е што досега имаа опозициски градоначалници кои се популарни меѓу своите сограѓани и кои претендираат на уште еден мандат. Сепак, резултатите од ланските парламентарни избори не го потврдија бодовното салдо на опозицијата од 2005 година. Затоа и се наметнува прашањето што овој пат ќе биде пресудно за граѓаните – профилот на кандидатите за градоначалници или нивната партиска припадност.

Пред четири години, Зоран Заев победи во Струмица уште во првиот круг, со над 17 илјади гласа. Но, минатата година СДСМ во таа општина доби околу 15 илјади гласа наспроти 15.900 за ВМРО-ДПМНЕ. Струмица, секако, претставува посебен предизвик за владејачката партија, бидејќи тамошниот градоначалник на претстојните избори ќе настапи во двојна улога – и како водач на опозицијата. Затоа, веројатно, не случајно вмровците решија да му ја спротивстават на Заев токму Силвана Бонева, која ем е координаторка на пратеничката група ем е член на Извршниот одбор на партијата.

Од пратенички позиции ќе настапат и Петар Поп Арсов во Куманово и Горан Петров во Велес, во обид да им ги преземат функциите на актуелните градоначалници од СДСМ и од ЛДП – Зоран Дамјановски и Аце Коцевски.

Дамјановски во 2005 ја освои градоначалничката функција во Куманово со околу 24,5 илјади гласа, но на последните парламентарни избори СДСМ во таа општина доби малку повеќе од 11 илјади гласа, а ВМРО-ДПМНЕ близу 19,5 илјади. Коцевски, пак, на претходните локални избори по втор пат стана градоначалник на Велес со над 12, 5 илјади гласови, за лани коалицијата „Сонце“ таму да освои околу 7,5 илјади гласа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која доби приближно 16 илјади.

Кои се другите жешки точки на изборната мапа?

Во Кочани досегашниот градоначалник од СДСМ, Љубомир Јанев, се откажа од уште една кандидатура, препуштајќи му ја битката на сопартиецот Влатко Серафимовски. Тој, пак, ќе се соочи со противкандидатот на Јанев од изборите во 2005 – пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ратко Димитровски. Оваа општина многу години важеше за бастион на социјалдемократите, кои лани, сепак, „се лизнаа“ на 7,7 илјади гласа, во споредба со 11,7 гласа за ВМРО-ДПМНЕ. Во Охрид, пак, Кирил Трендафилов-Нанче (кој на претходните локални избори, како кандидат на ВМРО-НП, за малку ја изгуби градоначалничката трка) годинава го облече дресот на ВМРО-ДПМНЕ во обид да го загрози стариот ривал Александар Петровски од СДСМ.

Интересна битка се очекува во Струга, која во изминатиот период живее во знакот на меѓуетничките тензии меѓу средношколците. Аналитичарот Нејази Мухамеди не ја исклучува можноста во оваа општина (која со територијалната организација од 2004 е со мнозинско албанско население) да поентира кандидат од македонскиот блок, како резултат на поголемата конкуренција во албанскиот кампус. Освен тоа, таму за градоначалник е кандидиран и претседателот на ПЕИ Фиат Цаноски, кој би можел да очекува поддршка од СДСМ, но и од гласачи од двете најголеми етнички заедници.

Ниту на досегашниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта од ДУИ, не му е однапред загарантиран вториот мандат. Нему позициите ќе се обиде да му ги загрози некогашниот гостиварски градоначалник – популарниот Руфи Османи.

На територијата на главниот град како жешка точка се посочува Сарај, каде што се очекува битка за превласт меѓу ДПА и Нова демократија на Имер Селмани. За ВМРО-ДПМНЕ, пак, е голем предизвик премиерно да ја преземе локалната власт во Карпош, каде што од опозициските редови обид за враќање на градоначалничката функција ќе направи Стевчо Јакимовски. Социјалдемократите, пак, сметаат дека по двата градоначалнички мандати на Аларова, сега имаат шанса да се вратат на власт во Центар.

Во секој случај, не се исклучени изненадувања, особено кога станува збор за комплексни избори – какви што се локалните. Последните избори во 2005 година траеја речиси два месеца, при што неочекувано најмногу врева се крена околу две помали општини – Долнени и Маврово, каде што се водеше жестока борба меѓу тогашните коалициски партнери на централно ниво СДСМ и ДУИ.

На тие избори СДСМ (во коалиција со ЛДП) освои 37 градоначалнички места, за разлика од тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кој доби 21 градоначалник, но ги освои речиси сите скопски општини и неколку поголеми општини во внатрешноста. ДУИ се избори за15 градоначалнички места, а ДПА победи само во Сарај. Седуммина независни кандидати стигна до градоначалничка фотелја, дел од нив со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ. ВМРО-НП се избори за тројца градоначалници, а Сојузот на Ромите победи во Шуто Оризари.


Статијата е прочитана 2995 пати.

Испрати коментар

Од: strumicanec
Датум: 20.02.2009 00:49:30
smesno da se misli deka Silvana moze da pobedi vo Strumica , pa ona ni ne doaga vo Strumica ! pobeda za Zaev !
Од: slavica
Датум: 20.02.2009 01:55:50
Силвана Бонева, ем е координаторка на пратеничката група, ем СРЕДНОШКОЛКА по образование, ем кандидат за градоначалник... Не си купила навреме диплома од Бугарија, само на пасош останала..
Од: Аце
Датум: 20.02.2009 02:38:18
Зоран Дамјановски гарант ќе победи во Куманово, кандидатот на Дпмне нема воопшто шанса за победа. А што се однесува за Струмица, па мислам дека е срамота да ги води некава личност како Силвана која себеси се нарекува политичарка срамно за Македонија со такви кадрови срамота.
Од: Vodno
Датум: 20.02.2009 03:57:47
Da Slavica,taka e.Za razlika od nea pak Zaev e odlicno obrazovan,CHESEN BIZNISMEN koj ke vleze vo Ginisova kniga na rekordi so gradenjeto na trgovskiot centar Global so samo "covek firma" za rekordno vreme.Bravo Zaev-so novi sili do novi Trgovski!!!
Од: Џоко
Датум: 20.02.2009 04:05:15
Бонева не е средношколка, за лагите за „бугарскиот пасош“ Бучковски дебело ќе плати, затоа бега три години од судските рочичшта. А Вие г-ѓа или ѓ-ца Славица и да изедете уште 100 фурни леб не ќе раберете каква личност е г-ѓа Бонева, затоа што сте залсепени од омараза и верувате дека Вашиот мил аболициран г-н Заев ќе изгуби на престојните избори.
Од: сашо
Датум: 20.02.2009 06:56:06
Само Заев!Напред во нови победи!
Од: vlatko Angelovski
Датум: 20.02.2009 07:56:22
Zaev ke ja pobedi ubedlivo Silvana i ke odnese edna golema pobeda za akedonija
Од: mirco strumica
Датум: 20.02.2009 08:03:22
vo Strumica ke bide najmalku 3:1 za Zaev i toa so site pritisoci na vlasta na DPMNE. Vo normalna drzava vo normalni uslovi bez pritisoci odnosot na silite bi bil 5:1 za ZAEV. Bidejki narodot poveke ne e glupav i umee da proceni koj se grizi za nivnite interesi.
Од: Оли Јулчовски - Струмица
Датум: 20.02.2009 08:06:07
Мислам дека почитуваниот и омилен градоначалник Зоран Заев треба да ја тужи Вмро за увреда затоа што во Струмица како негов противкандидат ја исфрлија С.Бонева.Самиот Грујо знае дека Бонева нема никакви шанси,Но тоа е единствениот начин да се ОТКАЧИ од веке истрошената координаторка.Но струмичани се свесни се што е подготвен да направи Грујо само да им го загорче животот на граганите на века Европска Струмица,Очекуваат нови валкани игри и притисоци.Но,Грујо и Вмр-овците ќе почнаат да ТОНААТ од Струмица Од овде Грујо ќе почна да БЕГА од Македонија за да му се придруже на Војводата.
Од: aa
Датум: 20.02.2009 08:21:00
Boneva ako ne dojde na karnot vo strumica nema da znae ni kako se doaga do strumica, a sega i istekna deka saka da bide gradonacalnik
Од: opulete se
Датум: 20.02.2009 08:24:36
Хахаха, од тоа што го читам за тие неколку „жешки точки“ заклучувам дека целта на овие избори за СДСМ е да се освојат само три града - Струмица, Куманово и Велес. Ако успеат во тоа, со оглед на рејтингот, тоа би бил убав успех за СДСМ.
Од: Блажо разбираш
Датум: 20.02.2009 08:31:43
Силвана хе.хе. хе.....градоначалник за Струмица хе.хе.хе. само да ја мавнат од централата.
Од: Strumicanka
Датум: 20.02.2009 08:32:23
Ne se zalazuvajte kakva Boneva !? Zaev prodolzuva kako Gradonachalnik ....
Од: 4pete21
Датум: 20.02.2009 09:06:29
Нема шанси ДПМНЕ во Карпош. Пиши 'пропало'. Стевчо ќе си се врати таму каде што си припаѓа.
Од: velesanec
Датум: 20.02.2009 09:13:22
5:1 za Ace Kocevski vo Veles nema so da baraat
Од: novo ruvo
Датум: 20.02.2009 09:25:49
Kumanovo e podgotveno da go iskoreni dosegasnoto zlo!!!!Dosta ni e od gradonacalnik SDSM-ovski prevarant i negovite lazovi,manipulatori,izmamnici samo za licni interesi.Kolku samo narodot nastrada od nivnoto vladeenje.Itelektualci sme,trpime za leb!
Од: Trajko
Датум: 20.02.2009 09:40:01
Eeee,dpmne-ovci zarem ne gledate deka vashiot pastir gi otstranuva starite vmrovci a gi sobira istroshenite chlenovi od sdsm.Neka vi e na zdravje so planovite na vashiot lider ke dojde den koga ke se slushate po telefon od Cheshka.
Од: Stojan
Датум: 20.02.2009 10:00:33
Во Струмица досега имало само еден легитимен градоначалник. Тоа е г-н Васил Грчев. Во периодот потоа, победите се добиваа со купување на гласови од ниските социјални слоеви. Особено интересна целна група за партиите се припадниците на турската етничка заедница во Општина Струмица, кои учествуваат со околу 7% од вкупната популација во општината. Практично, нивните гласови (во најголем број досега купени) овозможуваат да се седне во Фотељата во Струмица. Со оглед на тоа дека казнената политика за гласачки нерегуларности е силно заострена, на овие избори ке очекуваме да се добие втор легитимен градоначалник. Судејки според расположението на граѓаните, експонираниот Заев се истроши лично, а посебно со предодредената партиска судбина, така што нормално е во вториот круг Бонева да стане втор легитимен градоначалник во Струмица. И препорачувам да го рехабилитира просторот во централното градско подрачје, кое за лаици е привлечно , а всушност ја унакажа Струмица со „метрополска“ грдосија.
Од: Ime Kavadarci
Датум: 20.02.2009 10:15:59
E ovij pat Zaev nema da moze da si kupi uste eden trgovski centar. Mu pomina vremeto na kriminalcite.
Од: ЈАС
Датум: 20.02.2009 10:19:57
Од авион се гледа дека Заев е многу подобар кандидат за градоначалник.Бонева нема допирни точки со Струмица. А некои што пишуваат за Глобал тоа е чиста намештаљка од страна на власта да го оцрнат Заев. Повеке од половина членови на Вмро во Струмица имаат бугарски пасоши.
Од: Strumica 1918 god.
Датум: 20.02.2009 10:36:24
Ama ja namestija Boneva,sigurno son ne ja faka.Gruevski sega ke vidi oti negovata partija e "PARTAL".Nie strumicanite preku Boneva ke mu pratime aber oti denovite mu se odbroeni.Samo "DANOK VRZ DANOK"-e pa Grievski,paron "CHAVEZ"-D O S T A E...!!!
Од: boris
Датум: 20.02.2009 11:37:27
Nance za ohrid! se nadevam deka na ovie izbori ke bide ispravena nepravdata i deka konecno ke pobedi cesnosta i ljubovta kon Ohrid. NANCE OHRID E SO TEBE!
Од: d.t.a od Kavadarci
Датум: 20.02.2009 11:40:25
Navistina ke bide interesno a najmnogu vo Strumica koga Zaev ke si go podvitka opavceto i ke si odi kaj Brane da go tesi. Vreme e za promeni a osobeno tamu.
Од: niko
Датум: 20.02.2009 11:57:27
Немојте да ми го вреѓате Силвето за школата, имала Виша социјална сиротата... сега ќе упишела на ФОН менаџмент затоа што му требало за Градоначалничка функција... арно ама касно се сети, дисега требаше 3 дипломи да лапне...
Од: Irina
Датум: 20.02.2009 12:02:26
VMRO-DPMNE ke triumfira na pretstojnite izbori...pa komentirajte sto sakate....
Од: lav
Датум: 20.02.2009 12:17:15
Zoran Damjanovski go izgradi Kumanovo so novi bulevari,ulici detski igralista i zasluzuva uste eden mandat.A sto pravi PopArsov si kupuva avtomobili ja mesti zenamu vo komisii za obrazovanie licno i se bogati.
Од: dimitar
Датум: 20.02.2009 12:30:12
Бонева изјави на Интел 2007 цитирам: "Ако до март 2008 не почне изградбата на патот Радовиш-Струмица јас лично ќе поднесам интерпелација за министерот за транспорт и врски". Сега сме една година по март 2008 и уште не е почната изградбата на коц��и патот. Бонева нема што да бара у Струмица.
Од: Санде
Датум: 20.02.2009 13:12:03
Силвана Бонева е еден од врвните македонски политичари, чесна и одговорна кон работата која несебично работеше за доброто на сите граѓани во Македонија. Груевски има доверба во неа и ја праќа во Струмица, затоа што за Струмица се планират големи државни инвестиции, патишта,гасовод....белким не мислите дека ќе дозволи АБОЛИЦИРАН да раководи со тие народни пари!
Од: zoki
Датум: 20.02.2009 16:30:16
Sdsbjrm ke gubi katastrofalno i naa ovie izbori toa e ocigledno,neka si napravat reformi vo sopstvenite redovi i neka ponudat nekoja programa,so lagi i kleveti vlast ne se osvojuva,Vi trebaat novi kadri gospodo.Kolu i da vregate i plukate toa ne vi nosi poeni tuku samo steta za vasata i onaka rasturena partija od kriminalci.Napred VMRO DPMNE so novi sili vo novi pobedi!!!
Од: risto
Датум: 20.02.2009 16:49:43
Стојане со твоето искажување си пропаднал во самото време вратено назад од твојот ДПМНЕ ,затворен ,изолиран од достигнувањето на светот во било кој поглед а тоа е зошто не мислиш со сопствена глава,кпја ти служи само за украс.
Од: blagica
Датум: 20.02.2009 17:27:22
da im ja vidime facata na sds-ovcinjata ako boneva pobedi vo strumica , a za drugite gradovi nema sto da se komentira. VMRO sekako pobeduva.
Од: Перса
Датум: 20.02.2009 18:40:22
Куманово е рај,и никогаш не бил повеќе изграден,и чист град.Ваков градоначалник,и вакви личности на советничка листа од многу одамна Куманово немало.Застапеност и по професија и по возраст.Нека излезат овие интелектуалци на Кејот и да видат како треба да ги организираме нашите деца.Со три спортски терени тој Кеј уште повеќе ќе заживее.А вашите членови и младина проверете што работат,и како манипулираат одговорните први луѓе во ВМРО-ДПМНЕ со нив.А носителот на листа ,Миомир,иако Хипократовата заклетва не му дозволува во дијагнозата да ја меша и политиката ,сепак фотељата е слатка,па може и да замине од здравството,само да стане советник.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Поради инцидент откажана трибина во Струга
ВМРО-ДПМНЕ- Фрчкоски ги менува ставовите и навредите
Грција не може да има монопол врз антиката
Се избира ректор за неформиран информатички универзитет
„Транспарентност - Македонија“
Груевски ги кани СДСМ, ДУИ и ДПА на лидерска средба
Експресните закони паѓаат на Уставен суд
ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со 18 партии
Фрчкоски- Ќе се борат неколку кандидати и една партија
Канал 5 не заштити идентитет на малолетна жртва
Каракамишева и Вакнин консултанти во здравството?