Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Политика

Се избира ректор за неформиран информатички универзитет


Власта на нероден Петко капа му крои, обвини вчера пратеникот на СДСМ Јани Макрадули

Анонимуси и уметници по поезија, танц и јавање ќе држат информатички предмети

Жаклина Хаџи-Зафирова

Опозицијата вчера го оквалификува како скандал проектот за формирање универзитет за информатички технологии, кој беше на дневен ред на вчерашната собраниска седница и го помина првото читање. Новиот универзитет за информатички технологии е преименуван во „македонски“, а во образложението за неговото основање авторите на текстот се повикуваат дека основањето на универзитетот е „врз основа на политичката програма на ВМРО-ДПМНЕ“.

Пратеникот од СДСМ, Јани Макрадули, од собраниската говорница го оцени како небулоза фактот што ден пред собраниската расправа за универзитетот, власта објавила оглас за избор на ректор, иако се' уште не се расправало за измените во законот за универзитетот.

„Власта на нероден Петко капа му крои. На недонесен закон објави конкурс за избор на ректор за универзитет, иако сите знаат дека тоа ќе биде таткото на еден министер, односно господинот Благоја Самакоски“, рече Макрадули. Тој обелодени делови од документот за универзитетот, за кој кажа дека „ќе биде во функција на фабриката на Самакоски, кој ќе стане ректор, иако со години бил на црната листа на Америка“. Како една од нелогичностите во проектот, кој Владата го усвоила на 14 јануари, Макрадули посочи на изборот на „привремен ректор преку дискрециони фондови“.

Како срамни и смешни тој ги посочи и изборните предмети наведени во проектот за универзитетот, каде што на студентите им се нудат танц, музика и спортови. „ВМРО-ДПМНЕ решил дека ќе има универзитет, сателитите внатре во Владата гласаат. Анонимуси и уметници по поезија, танц и јавање ќе држат информатички предмети во Македонија“, рече Макрадули од собраниската говорница. Тој рече дека е разочаран од вицепремиерот на ДУИ, кој „преминал“ преку префиксот „македонски“ универзитет.

За Макрадули се смешни деловите од овој, како што го нарече, квазиуниверзитет, каде што се наведува дека треба да постојат методи за избор на цимери, а се предвидува и театар за студентите и вештачка лагуна со пристаниште за докови и пристап до вода!? Затоа тој на присутните пратеници им порача дека не знае од каде да почне со наведување делови од проектот кои, според него, се само за засмејување на јавноста.

„Ова е трагедија и срам што ви поминал закон за кој Владата вели дека ќе чини 1.025.000 евра, а службата го демантира тоа. Ви гарантирам дека во досието што го комплетираме како пратеничка група сите ќе одговарате кога ќе дојде времето“, им порача Макрадули на пратениците од владејачката партија. Тој оцени дека владиниот проект за универзитетот е навреда за наставниците и граѓаните во државава и предупреди дека вмровизацијата на општеството ќе има далекусежни штетни последици во Македонија.

Набројувајќи ги специфичните буџети, пратеникот на СДСМ го нагласи сочниот хонорар што бил наменет за „ортакот на Самакоски од странство“, за кого, според Макрадули, Владата одвоила 86.250 долари само за три месеци. „Тоа според вас чини нула. Или, во советодавното тело еден од тие што одлучува е амбасадорот Зоран Јолевски, а не е вклучен ниту еден од професорите на државните универзитети“, им се обрати Макрадули на пратениците од владејачката партија.

Заменик-министерот за образование, Јован Лазаров, му реплицираше на Макрадули дека не е точно дека се формира македонски универзитет за информатичка технологија, туку дека расправаат по точката за Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за основање универзитет за информатички технологии во Скопје, со промена на седиштето во Охрид.

Инаку, во измените и дополнувањата на проектот за основање македонски универзитет за информатички технологии, за кој зборуваше Макрадули, се наведени сите членови на Управниот одбор, меѓу кои како ректор се претставува Благоја Самакоски, а меѓу членовите на Управниот одбор е македонскиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски. Но, за разлика од другите членови на Одборот, нивните плати се изразени во нула денари.


Статијата е прочитана 715 пати.

Испрати коментар

Од: sveto
Датум: 20.02.2009 00:29:18
Ne mi e jasno zosto otvaraat informaticki fakultet,koga eden veke si imaat-M I T
Од: Apsurd do apsurd
Датум: 20.02.2009 01:02:13
Tolku rasipnicka vlada kako segasnava Makedonija dosega nemala! Za da ja ,,sokiraat,, javnosta, pompezno ke najavat nekoj ,,grandiozen,, proekt za koj ke potrosat golemi pari, a na krajot se pokazuva deka ja utnale rabotata: stotici sportski sali, fakulteti vo sekoe pogolemo selo, (avto)patista, patriotski smetki, veronauka vo ucilistata, stranski investicii, brutoplata....... I koj se moze da gi nabroi site tie ,,genijalni,, proekti?
Од: Severnjak
Датум: 20.02.2009 01:31:39
J.M. saka cel zivot da predava demagogija na ETF. okupira i uzurpira mesto na nadezni istrazuvaci, a vo meguvreme mu miriva mestoto na ETF. Ova go nema nitu vo severna koreja.Ako Samakoski uspeal da napravi milioni od informaticki tehnologii zosto da ne mu dademe sansa da pokaze na desetici makedonci. Makraduli se pokaza deka neznae da educira tuku ceka da zalegne pokraj nekoj iden budzet. Fala za moznosta da se komentira..
Од: flying-monaco
Датум: 20.02.2009 08:42:03
Abe Makraduli samo placis, pa dosta i tebe nisto ne ti cini ako bese dobar ke ostanese vo vlada sedi molimte ist si kako tvoite okolu tebe PLACKOVCI...shto bi napravil TI te vidovme godini na nazad...
Од: denco
Датум: 20.02.2009 10:53:39
Ako be drzavata propaga a nie ke si peeme i ke si igrame taka kako sto orkestar vmro ni sviri.
Од: vesna
Датум: 20.02.2009 14:27:29
Me interesira dali po predmetot javajne ke se koristst kojnite sto treba da gi donese ministerkata Gorde ili ke kupuvame novi?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Поради инцидент откажана трибина во Струга
ВМРО-ДПМНЕ- Фрчкоски ги менува ставовите и навредите
Грција не може да има монопол врз антиката
„Транспарентност - Македонија“
Груевски ги кани СДСМ, ДУИ и ДПА на лидерска средба
Жешки точки на изборната мапа
Експресните закони паѓаат на Уставен суд
ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со 18 партии
Фрчкоски- Ќе се борат неколку кандидати и една партија
Канал 5 не заштити идентитет на малолетна жртва
Каракамишева и Вакнин консултанти во здравството?