Брoj 2673  вторник, 29 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Милиони деца ќе бидат жртва на климатските промени

Климатските промени би можеле да ја дополнат смртноста кај децата за 40.000 до 160.000 годишно во Азија и супсахарска Африка

ЛОНДОН - Милиони најсиромашни деца во светот се дел од главните жртви на климатските промени, предизвикани од богатите развиени земји, се истакнува во извештајот на ОН во кој се повикува на итна акција. Во извештајот на УНИЦЕФ „Наша клима, наши деца, наша одговорност“ се оценети дејствувањата за Милениумските цели на ОН за развој, кои предвидуваат преполовување на детската сиромаштија до 2015 година. Во него се наведуваат неуспеси по точките од здравје до опстанок, образование и родова еднаквост.

„Јасно е дека неуспехот да се одговори на климатските промени е неуспех да се заштитат децата“, рече директорот на УНИЦЕФ во Велика Британија, Дејвид Бул. „Оние кои најмалку придонеле за климатските промени - најсиромашните деца во светот - најмногу страдаат“. Во извештајот се наведува дека климатските промени би можеле да ја дополнат смртноста кај децата за 40.000 до 160.000 годишно во Азија и супсахарска Африка преку понизок економски развој.

Исто така се истакнува дека ако температурите се зголемат за два Целзиусови степени над преиндустриското ниво, околу 200 милиони луѓе во светот би се соочиле со глад - а тие податоци се искачуваат до 550 милиони со пораст на температурите за три степени.

Во извештајот на УНИЦЕФ се истакнува дека економската штета поради климатските промени би ги принудиле родителите да ги повлечат децата од училиште - често пати единственото место каде што им е гарантиран најмалку еден оброк дневно - за да обезбедат вода или гориво наместо тоа. Промените во животната средина предизвикани од климатските промени, исто така, ќе го прошират опсегот на смртоносните болести како што е маларијата, која веќе убива 800.000 деца годишно и сега се забележува во претходно непогодени области.

„Одговорноста на богатите земји за голем дел од поранешните емисии значи дека ние треба да дадеме наша силна поддршка“, вели Николас Стерн, чиј извештај за 2006 година за економските импликации на климатските кризи предизвика меѓународна загриженост. „Вообичаен бизнис или одложена акција би довела до можност за многу повисоки температурни зголемувања кои катастрофално ќе ја трансформираат нашата планета“, пишува тој во предговорот на сегашниот извештај. „Најмногу и најтешко ќе страдаат младите и сиромашните и земјите во развој. Не можеме да дозволиме тоа да се случи“. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 451 пати.

Испрати коментар

Од: mitko go citira jay leno
Датум: 29.04.2008 04:50:37
Sto se sekiraat lugeto ako snema oriz, ke ima krofni (dougnuts).

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Мировници ги вооружувале милициите во Конго
Хеликоптер „Ми-8“ падна во Црно Море - 19 загинати
Четврт век ја држел ќерка си во визба и ја силувал
Воз излета од шини - 70 загинати и 400 повредени
Обама одби ТВ дуел со Хилари Клинтон
Индиска ракета со десет сателити во вселената
Светот соочен со криза за храна