Брoj 2673  вторник, 29 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Воз излета од шини - 70 загинати и 400 повредени

Несреќата се случи кога возот што сообраќаше од Пекинг до Кингда, излета од шините и погоди друг патнички воз

ПЕКИНГ - Брз патнички воз вчера излета од колосек и удри во друг воз во источна Кина, при што загинаа најмалку 70 лица, а повеќе од 400 се повредени. Властите јавија дека причината за несреќата е човечки фактор.

Билансот на жртвите би можел да се зголеми бидејќи 70 луѓе се примени во болница во критична состојба, по несреќата што се случи во раните утрински часови во рурален дел од провинцијата Шандонг, јави официјалната новинска агенција Ксинхуа. Агенцијата јави дека вкупно 420 луѓе биле повредени во најголемата железничка несреќа во Кина за една деценија. Меѓу загинатите нема странски државјани. Ксинхуа јави дека иследниците исклучиле можност за тероризам како причина за несреќата. Во извештајот на агенцијата на англиски јазик се вели дека во прашање е човечки фактор додека во извештајот на кинески јазик како причина за несреќата се наведува невнимание, без да се наведат други детали. Агенцијата јави дека двајца високи претставници на железницата во Шандонг се разрешени.

Несреќата пред продолженото празнување на 1 мај се случи кога возот што сообраќаше од Пекинг до Кингдао - локација на натпреварите во едрење за време на олимписките игри во август - излета од шините и погоди дрг патнички воз некаде пред зори. Девет вагони од првиот воз паднаа во ров, јави портпаролот на Министерството за железница Ванг Јонг Пинг. (Асошиетед прес)

 


Статијата е прочитана 200 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Мировници ги вооружувале милициите во Конго
Хеликоптер „Ми-8“ падна во Црно Море - 19 загинати
Четврт век ја држел ќерка си во визба и ја силувал
Обама одби ТВ дуел со Хилари Клинтон
Индиска ракета со десет сателити во вселената
Светот соочен со криза за храна
Милиони деца ќе бидат жртва на климатските промени