Хеликоптер „Ми-8“ падна во Црно Море - 19 загинати
КИЕВ - Украински хеликоптер „Ми-8“ падна во Црно Море, при што 19 лица загинаа, јави руската новинска агенција Итар-ТАСС. Несреќата се случи вчера изутрина кога „опашката“ на „Ми-8“ удри во платформа за гас во близина на крајбрежјето, јавија официјални претставници на енергетската фирма „Нафтогас“ од Украина.
Едно лице во хеликоптерот преживеа, јави агенцијата Итар-ТАСС. Во хеликоптерот се наоѓаа 20 лица. Минатиот месец 12 лица загинаа кога хеликоптер на украинските граничари се урна во Црно Море.
Хеликоптерите „Ми-8“ одамна се користат во поранешниот Советски Сојуз за цивилни и воени летови. (Би-Би-Си) |