Њу Делхи - Индиската ракета ПСЛВ-Ц9 вчера во орбитата лансираше десет сателити одеднаш, објави државната вселенска агенција.
ПСЛВ-Ц9 во орбитата ги постави сателитите Картосат-2А заедно со еден индиски мини сателит и девет странски нано сателити.
„Ракетата ПСЛВ-Ц9 е тешка 230 тони и пренесе товар од 824 килограми”, рече претставник на агенцијата. Картосат-2А тежи околу 690 килограми и носи панхроматска камера која може да снима слики со висока резолуција.
Картосат-2А ќе обезбеди податоци, кои ќе бидат користени за управување со урбаната и руралната инфраструктура и информациски системи.
Малите сателити се лансираат за странски институти под комерцијални услови, а податоците од индискиот мини сателит државата ќе ги дели со други земји. Лансирањето беше од постројка на индискиот источен брег. (Макфакс)