Број 3084  сабота, 12 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Супервизорот на „Лојд“ бега од новинарите по бродската несреќа

Потонатиот брод „Илинден“ ќе го извлекува хрватска специјализирана фирма со помош на балони

Бранко Баиќ, претставник на фирмата „Германишер Лојд“, која неколку години наназад врши техничка проверка на бродовите што пловат по Охридско Езеро, ги избегнува новинарите. Вчера се обидовме да стапиме во контакт со господинот Баиќ, кој моментално е во Белград, каде што се наоѓа претставништвото на фирмата. Откако му се претставивме во телефонскиот разговор дека го бараат новинари од Македонија, тој веднаш ја спушти телефонската слушалка, не дозволувајќи да му поставиме неколку важни прашања што испливаа на површина по големата бродска несреќа во која загинаа 15 туристи од Бугарија. Иако се обидовме уште неколку пати да разговараме со супервизорот, не успеавме да добиеме изјава од него дали се' уште стои зад потписот што го ставил на документите со кои потврдува дека „Илинден“ е технички исправен и колку често биле вршени технички проверки за исправноста на бродовите што превезуваат туристи по езерото.

Во меѓувреме, се разрешија дилемите околу вадењето на бродот, што се одолжуваше со денови. Според последните информации од истрагата, потонатиот брод „Илинден“, најверојатно, ќе го извлекува од Охридското Езеро хрватска специјализирана фирма со помош на балони, кои засега се сметаат дека се најсигурниот метод бродот неоштетен да се извлече на суво.

Ваквата одлука вчера ја потврди и истражниот судија во Основниот суд во Охрид, велејќи дека се одвиваат консултации со хрватската фирма во кои паралелно се вклучени Министерството за транспорт и врски и мешовитата комисија составена од по тројца членови од Македонија, Бугарија и од Хрватска.

По одлуката на истражниот судија за избор на фирмата, во истрагата ќе се вклучи и мешовитата комисија што не работи неколку дена, а треба да даде експертско мислење за причините за потонувањето на бродот „Илинден“, што би требало да биде клучен елемент за натамошниот тек на истрагата.

Определувањето на фирмата за извлекување на бродот „Илинден“ е во надлежност на Министерството за транспорт и врски, кое во овој случај треба да ги испочитува законските процедури и да ги плати трошоците. Според неофицијални информации, цената на операцијата би требало да биде околу 30.000 евра.

Доколку се' биде в ред, извлекувањето на бродот треба да се случи во средината на идната недела наспроти најавите дека бродот ќе се извлекува в понеделник. Оваа информација, според наши извори, е нереална, бидејќи по изборот на фирмата, Министерството за транспорт и врски треба да ги уплати парите во почетокот на следната недела, а најмалку еден ден ќе биде потребен за носење на опремата.

По неколкудневниот шок од најголемата бродска несреќа што се случи во саботата изутрина кога бродот „Илинден“ потона кај Елешец, при што се удавија 15 туристи, останатите три брода продолжув��ат со редовните тури по езерото.

На охридското пристаниште вчера можеше да се забележи несекојдневна глетка. Бродовите што се подготвуваа да испловат блештеа од портокаловите заштитни елечиња, кои им беа дадени на секој од патниците да ги облечат пред да започне езерската тура. Засилените мерки за безбедност веројатно се резултат и на интензивните проверки од страна на полицијата, која деновиве, како што дознаваме, ги контролирала докуметнациите за технички проверки и исправност за сите бродови што пловат по езерото. Според извори од охридската полиција, проверките покажале дека се' е в ред со документацијата што им била издадена на трите најголеми брода „Кристина“, „Галеб“ и „Александрија“, кои секојдневно крстосуваат по езерото. (Д.Т.-С.И.)


#
Статијата е прочитана 897 пати.

Испрати коментар

Од: Ljobotan
Датум: 12.09.2009 05:27:14
Kompanijata sto go osigura brodot ,ima i uslovi na nosivost i za kolku patnici e registriran.Ako brodot imase i eden patnik povece nego li sto e registriran za nosivost polisata e Nil- nevazna, Kompanijata nee povece odgovorna za tragedijata, se ostanatoto e irvelantno! Esega Gazdata na brodot e odgovoren za tragedijata,toa se vika;Fine Printing-so mali bukvi! Eeee tuka lega zajakot !

Најди! во Утрински
Политика
Полицијата се вмеша во битката на бодигардите
Уставниот суд идната среда ќе пресуди за „Фершпед“
Синдикатот обвинува
СДСМ ќе ја усвои програмата „Решенија за Македонија“
Продавници за сиромашни и во Скопје?
Коњановски упати писмо до Гејтс