Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Политика
11.09.2009, 17:53

Полицијата се вмеша во битката на бодигардите

МВР го уапси претседателот на едната од двете комори, бидејќи издавал неважечки лиценци

МВР поднесе кривична пријава против Ангеле Јованоски (54), претседател на Комората за обезбедување имоти и лица и детективски услуги, како и против 14 лица, од кои осуммина вработени во МВР поради тоа што му помагале на Јованоски да издава лиценци за обезбедување иако, според МВР, немал право за издавање. Од полицијата наведуваат дека неколкупати реагирале до Јованоски да престане да издава лиценци, бидејќи сам ги составувал комисиите за полагање стручен испит, иако знаел дека тоа право единствено го има МВР. Според пријавата, Јованоски наплаќал за издавање лиценци со кои обезбедувачите не можеле да се вработат. На Јованоски му е одреден куќен притвор.

Од Комората, на чие чело е Јованоски, се огласија со соопштение, во кое изразуваат вознемиреност од „киднапирањето“ на Јованоски од страна на припадници на МВР, кои по „седумчасовно неосновано држење по полициски станици во Скопје на таинствен начин со конструирана кривична пријава е предаден на распит пред истражен судија“. Од оваа комора велат дека тие од порано имале поднесено кривични пријави до МВР против „една друга фантомска комора со назив: Комора за обезбедување лица и имот, која незаконски и нерегистрирана функционира уште од 1999 година како своевидна паравоена структура, која врши обука со оружје“.

„Оваа фантомска комора досега има издадено околу 14 илјади лиценци за дејноста обезбедување лица и имот и, притоа, остварено профит од околу 4,5 милиони евра, а во кој дебело се вмешани одредени поранешни и сегашни високи полициски функционер“, се вели во соопштението од Комората за обезбедување имоти и лица и детективски услуги. Оттаму прашуваат дали е дозволиво припадници на МВР да прават таков превид и наместо да ги апсат криминалците, ги апсат тие што пријавуваат криминал.

Веднаш реагираше и претседателот на прозваната Комора за обезбедување лица и имот, Тихомир Николоски, кој во соопштение до медиумите потенцира дека за организирање полагање стручен испит за обезбедување, издавање лиценци за работа, издавање легитимации, водење евиденции и друго е надлежна единствено „неговата“ комора. Пред две години имало иницијатива пред Уставниот суд да се укине монополската позиција на оваа комора, но не била прифатена.

Комората за обезбедување лица и имот ја поздравува активноста на МВР и ценат дека „санкционирањето на незаконското работење на кои било субјекти претставува неизбежен инструмент за заштита на правата на граѓаните и фирмите“. (Г.А.)


Статијата е прочитана 2963 пати.


Испрати коментар



СДСМ ќе ја усвои програмата „Решенија за Македонија“
Коњановски упати писмо до Гејтс
Синдикатот обвинува
Уставниот суд идната среда ќе пресуди за „Фершпед“
Супервизорот на „Лојд“ бега од новинарите по бродската несреќа
Продавници за сиромашни и во Скопје?



Flaster city, 12.09.2009 01:14:00
Освен што продуцира криминалци и што истите ги амнестира од нивните претходни криминогени дела, Комората не работи ништо друго. И се разбира калапи тешки пари.
Kolo Diamantot, 12.09.2009 06:16:06
Samo taka pokraj zatvor i imotot damuse konfiksuva . Drug koga ke dojde na vlast kese zamisli oti moze damu letne imotot.
zoran, 12.09.2009 09:53:10
Prvo ne se bodigardi tuku lica za obezbeduvanje , vtoro rabotat za plati od 150 do 250 evra ( sami si gi plakaat uniformite sto treba da im bidat SLUZBENI vo site Agencii , A Gazdite na agenciite - Lihvarite za nivnite uslugu naplakaat od 1000 - 1500 evra A sekojdnevno se izlozeni na golem rizik ... E aj da vida Kako ke reagiraat od VLADATA NA OVA soznanie i DALI ke pocnat da rabotat i za NARODOT t.e neka donese ZAKON za plata na tie luge ; Ako gazdata - lihvarot za vraboten naplaka od 1000 do 1500 evra na rabotnikot platata da mu bide od 600 do 900 evra ....EVROPA NE VIKA ...E i poradi ova nikogas nema da vlezeme vo EU dodeka ne se zbogatat site sto treba .... AJDE PREMIERE TI SI NA POTEG
Горан, 12.09.2009 12:41:42
Уште еден срамен чин на МВР! За едни е мајка за други е маќеа. Јавна тајна е дека во нашата држава и магарињата земаа лиценци за обезбедување и пилињата знаат како се земаат лиценците. Тоа се прави со години , ама додека се земаа масовно лиценците и имаше стотици кандидати месечно - сите беа задоволни оти за сите имаше пари и за двете комори и за МВР. Сега откако драстично се намали бројот на лица кои аплицираат за лиценца за обезбедување, нема пари за двете комори и една мора да оди курбан. Апел до МВР: македонскиот народ не пие нафта, туку гледа се што се случува. Се знае кој раководи со коморите и кој е во испитните комисии - високи функционери во МВР. До кога ке крадат??? До кога ке им се тресат рацете ненаситно за пари??? Земаат плати од 10 места - од МВР, од ваквите магарешки комори каде држат по 2-3 функции( секретари, инструктори, испитувачи), предаваат на приватни универзитети......му нема крај.
albanec, 13.09.2009 11:37:42
Prosto ne mozam da veruvam. Ne e vozmozno lica koisto rabotat vo MVR da se zanimavaat so takvi raboti, a plus i makedonci se, ne se albanci. Pa neli makedoncite ne se skloni na kriminalni dejstvija od bilo koj vid. So krminal se zanimavaat samo albancite. Zatoa go/ja molam novinarot/kata da ne izmisluva i da obvinuva makedonci za nesto sto po priroda ne se skloni i stvoreni da go pravat.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -2°C

Претежно облачно

Сабота
Облачно
Макс: 6°C, Мин: 0°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (21)
Хрватската пролет.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Чинарот ја губи битката со времето
Од тежината на снегот што деновиве падна во градот попушти уште една од само неколкуте гранки што останаа на крошната на...
Интервју - Ѓаволски добро си ја знаеме работата
Љубинка Корабоска претседателката на Државната комисија за спречување корупција...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |