06.12.2012, 16:39 Премиерска дилема: дали Тодоров ја јакне или ја ослабува ВМРО-ДПМНЕ
Колку настаните во здравството можат да му ја разнишаат фотелјата на министерот, кој е истовремено и шеф на изборниот штаб на владејачката партија
Наум Котевски
Кога Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во јуни годинава го назначи министерот за здравство Никола Тодоров, за шеф на Републичкиот изборен штаб на владејачката партија за наредните локални избори, сигурно не предвидел дека претпоставената добитна комбинација наеднаш ќе се претвори во ризичен потег. Дека стратегијата на амбициозниот министер, кој стана една од водечките фигури во партијата, во врска со штрајкот на лекарите и здравствените работници може негативно да се одрази врз рејтингот на партијата, и тоа во најлош можен период, на само четири месеци пред изборите.
Сега веќе не е во прашање само времето, односно тоа дали првиот правник на позицијата министер за здравство ќе може да стигне успешно да ги изврши двете функции - државната и партиската, туку дали неговата нарушена популарност кај признатите лекари и универзитетски професори, кои имаат влијание врз општеството, ќе влијае на личниот и, воопшто, на партискиот предизвик токму тој да управува со општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако се има предвид дека локалните избори по многу параметри се потешка политичка операција отколку парламентарни избори, можно ли е сега премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да се поколеба што му ја довери најважната функција токму на Тодоров, откако Мартин Протоѓер од местото генерален секретар на партијата ја извршуваше успешно три пати по ред.
Професорот по политички науки Здравко Савески, смета дека недоразбирањата меѓу Тодоров (за кого се' погласно се шпекулира дека е идниот министер за внатрешни работи) и лекарите, може да се одрази негативно врз популарноста на партијата.
„Јас немам видено дека премиерот Никола Груевски јавно даде поддршка за својот министер. Неформална има, но не и јавна. Тоа секако може да ја ослабе неговата позиција во партиските структури и да ја разниша исклучително сериозната функција шеф на Републичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Савески.
Изборите се приближуваат, а според Савески, работите зависат од тоа како натаму ќе се одвива штрајкот.
„Тој може да трае до недоглед. Важно е како и кога ќе заврши проблемот. Според мене најдобро за партијата е да го замени Тодоров. Тој да остане член на Изборниот штаб, но да не биде шеф“.
Неодамна во еден свој текст посветен на потезите на првиот човек во здравството, магистерот по Уставно право Иван Стефановски, потсети дека „почитуваниот министер пред неколку месеци, од страна на неговиот партиски шеф беше именуван за шеф на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ“.
„Од тој момент па натаму, во министерот се акумулирани две важни функции. Од ова произлегува дека на премиерот или не му се важни локалните избори, или не му е важно здравството во Македонија“, напиша Стефановски.
Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања, пак, вели дека смена на Тодоров од позицијата шеф на изборниот штаб како и од позицијата министер за здравство ќе донесе најголема штета токму за ВМРО-ДПМНЕ.
„Не значи дека секогаш е добро кога нема проблеми. Напротив подобро е да постојат проблеми, затоа што реформите по дефиниција нив ги носат. Треба да се види дали е тој штрајк оправдан или не е. Најпрвин беше спорна платата по учинок, на која потоа се додаде елементот зголемување на плати, кој логично е примамлив за секого“, вели Божиновски.
Тодоров пред да биде назначен за министер за здравство беше министер за образование. Неговите реформи во овој ресор многу реномирани професори ги сфатија како директен упад врз автономијата на универзитетите и обид за мешање во внатрешната организација на најстариот државен универзитет. Тие протестираа, но бргу замолчеа. Сега Тодоров има малку потешка задача да ги заузда „дивите лекари“.
„Лично мислам дека проблемот ќе резултира со договор. И министерот е во право што бара плата по учинок, а и лекарите се во право што бараат тоа на некој начин да се модифицира“, вели Божиновски. |
Статијата е прочитана 3128 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Hari, 07.12.2012 00:20:51 | DPMNE gubi so ova derle i diletant, no zad nego stojat i Grujo i Mijalkov. Inaetot da se istrae i koga se pravat katastrofalni greski ke cini mnogu. Ovoj diktatorski rezim se soocuva so gnevot na inteligencijata - doktorite. Mora takticki da izigraat , no bez da se svitka opaskata nisto ne pravat. Doktorite ne moze da se manipuliraat. |
| jovan, 07.12.2012 00:22:06 | A sto ako gi *sredi* doktorite??? Javnosta i onakla e podelena. Edni podrzuvaat doktorite da bidat plateni spored toa kolku izrabotile, drugi se protiv toa. I za kraj, sto ima vrska Todorov so rejtingot na VMRO? I da go smenat i da go ostavat, se isto ke si bide sto se odnesuva do rejtingot na VMRO. Pre bi rekol deka rejtingot na SDSM ke se namali ako i ponataka se zanimavaat so Nikola Todorov, Ilija Dimovski, Vlatce, Bicikliski... i ostanati statisti. |
| cane, 07.12.2012 00:41:27 | А што редакцијата мисли? Треба ли било кого да потсетиме дека правото на штрајк е унивезално и фундаменатално и му претходи на бремето што може да го предизвика! Јас долго време живеам во светот и до сега НЕ СУМ ЧУЛ никогаш дека ваков штрајк е ПОЛИТИЧКИ. Е, да беа други околности, овај министер веќе ќе беше заборавен и историја! |
| boban, 07.12.2012 01:49:11 | Ministerot pomina nekolku ministerstva i ne se sekavam deka nekade napravi nesto dobro, samo go setkaat od edno ministerstvo vo drugo,verojatno mu e omilen na premierot, pa po sekoja cena mora da bide minister vo nekoj resor,bitno od zdravstvoto napravi haos neviden |
| Doktor od U.S., 07.12.2012 05:04:29 | Koga e vo prasanje zdravstvoto Makedonija e mnogu daleku od najdobrite. Treba mnogu znaenje, rabota i materijalni ulaganja toj jaz da se namali. Makedonija ne moze da si dozvoli luksuz totalen diletant da vodi tolku vazno ministerstvo. Najgolem del od akciite sto ministerot gi pravi bi bile smesni da ne se tragicni. Zarem e tolku tesko toa da se razbere vo Makedonija? Zosto toa se se gleda od politicka gledna tocka? |
| Let, 07.12.2012 05:37:25 | Potreben e kompromis, ne krutost, zatoa sto i ako zaminat ili dobijat otkaz, ke bideme bez dovolno strucni lekari i pak ke ima problemi. Nezavisno od ovaa situacija, nikako ne mi e jasno zosto za ministri se postavuvaat luge bez nikakvo prethodno iskustvo od resorot koj go drzat, se stavaat vo polozba na padobranci i potoa e normalno da se javuvaat problemi. Kolku i da se sposobni, ne mozat da se snajdat kako nekoj sto ima poznavanje od taa oblast i rabotno iskustvo. |
| zrak, 07.12.2012 05:37:36 | kamo da imame poveke vakvi ministri,nie kako narod sme zadoeni,. ministrite nisto da ne rabitat,i sega na site mu e cudno sto nekoj pocna da raboti,na doktorite poaren mu bese dimov sto mu nosese biseri.dodeka maneski bese minister za pravda nesto se dvizese,a sega se e po staro bideki segasniot minister e zafaten so proslavi i nekoj kauzi i prizrenski ligi,e ovaj ni e dobar,ne kreva prasina,a poslem????? |
| EROL, 07.12.2012 09:14:16 | “Kalimero” Sindrom- Dodeka edni tvrdat deka se “vo pravo”, a drugite ja “baraat pravdata” I tretite na sebe ja zemaat ulogata na “pravednik”-se zgolemuva masata koja strada vo sekoj slucaj (pacientite, narodot).Spored mene ako se skaraat vnatre -vladata bi bilo dobro ama ako se drzat zaedno poradi “visi interesi” e togas go naeb….no, Nikolce e covek od disciplina, odgovornost, dobri rabotni raboti, patriot, takvi mu trebaat na Golemiot Nikola. Edniot ke bara da mu se prosti, drugiot ke insistira da mu bide pobarano proska. Dijagnosticki nabljuduvano se vika paranoidno, seriozno antisocijalno I maligno-narcisticko poremetuvanje na licnosta. Ako ministrite vo vladata dobivaa plata po ucinok, togas ke treba jas da vi davam pari za cigari, ne za drugo, tuku simpaticni ste mi mnogu kako kolektiv. |
| Miki, 07.12.2012 10:14:33 | Edno primetuvam - Vladimir Bozinovski ,,nabacil,, 20 kila otkako raboti za DPMNE! E aj sega neka kaze nekoj nesto loso za vlasta? |
| Трпе, 07.12.2012 10:51:08 | Министерчето не размислува со своја глава.Тој е само продолжена рака на фамилијата |
| pile, 07.12.2012 11:02:28 | Vo uslovi na izmesteni vrednosti vo rakovodenjeto na Ahmeti i Gruevski kaj sto lojalnosta kon liderot e svetost i kaj sto sekoj neuspeh preku populizmot se nastojuva da se prikazje kako uspeh,i koga najgolemiot broj ministri od DPMNE so cest na isklucoci,prvoto rabotno mesto im bilo zamenik minister vo ovoj ili vo prethodniot mandat (2008 godina),potezite od najeksponiraniot Minister nesomneno go jaknat neintelektualnoto krilo na partijata no so sigurnost znam deka vo idnite izvestai na Ek i na Stejt departmentot na SAD i drugi megjunarodni Organizacii, pozicijata na R.Makedonija vo pogled na demokratskite vrednosti, so sigurnost ke bide vlosena,po primerot na prethodnite dvaica Ministri,za pravda i MVR,so sodrzini od tipot ,,Ministerot za zdravstvo gi zloupotrebuva inspekciskite sluzjbi za sprecuvanje na Ustavnoto pravo na strajk,, sto sekako e pojak oblik od ,,vo MVR koga se stigne do nacalnik go vrakaat na nivo na policaec, Ministerot za vnatresni ja koristi pozicijata za politick |
| ФЕЛИКС, 07.12.2012 11:18:54 | Колку и да се труди Тодоров да им го расипе рејтингот на своите,уште повеќе се трудат Шатевците преку праќање писмени поплаки и ,,гласен плач,,да никој во светот не ги сака,им го покачуваат рапидно рејтингот на власта. |
| andrej, 07.12.2012 11:45:02 | ako padne todorov na uceni na lideri na strajk padja i vlada i vmro,sds svesno bara nelogicno pkacuvanje na plati znaeejci toa ce dovede do totalen haos vo ekonopmij po lekari prvi ce bidat nastavnici i site drugi,makedonski bnp nemaoze da placa ogromni plati na budzetari a narod da raboti za 10ilj toa go ima mozebi vo banana republiki no vo evropa se odi na ednakvost toa i ja cini evropa primamliva za site od nerazieniot svet. |
| petar, 07.12.2012 19:02:41 | poddrska za ministerot todorov da iskoci na kraj so lekarite-nerabotnici!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 2°C
Ситен дожд
|
Сабота
Обилни врнежи
Макс: 4°C, Мин: 0°C
|
Недела
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (22)Вознемиреноста на Стане Доланц. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|