Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.12.2012, 16:45

Македонија заглави во Брисел

Расправата во ЕУ за нашата препорака за датум се одложи по вторпат

СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА


Македонија никако да се најде на дневен ред на Советот на Европската унија откако расправата за нас двапати се одлага, па сега е најавена за денес, практично во пет до дванаесет. Во понеделник, имено, ќе почне состанокот на шефовите на дипломатиите на Европската унија, а пакетот за Балканот ќе се расправа во вторник, односно два дена пред самитот на ЕУ на кој, по се' изгледа, ќе се донесе крајната одлука.

Тоа што расправата се одолжува е знак дека има повеќе прашања околу кои се кршат копја во ЕУ, а со оглед на информациите досега, проблем се заклучоците за Србија и Косово, покрај тие за Македонија. Откако директорот за проширување Стефано Санино ја прочитал препораката од извештајот за Македонија со која се бара почеток на преговорите паралелно со решавање на спорот за името, расправата била прекината и одложена, така што нема ни навестување во кој правец ќе се движат случувањата и кои земји ќе ја поддржат препораката на еврокомесарот Штефан Филе.

Како и да е, Филе вчера од Брисел прати предупредувачка порака до Македонија, изјавувајќи дека е важно нашата Влада да сфати дека решението на спорот околу името не може да ни го одработи Европската комисија, колку и да е креативна, или Советот на ЕУ со некоја магична формула.

Филе практично сугерираше дека нашата Влада не прави доволно да помогне околу препораката, и дека Македонија е пречка, а не Грција. Уште повеќе тој го посочи меморандумот на Атина како важен чекор кој може да доведе до напредок, со надеж дека нашата држава нема да ја пропушти таа шанса.

Што е тоа што очекува Филе а нашата Влада не прави, не е сосема јасно во јавноста, освен дека треба да е демонстрација на некоја политика на добрососедство, бидејќи тоа ни е најновиот формален услов за препораката. Како и да е, нашиот државен врв не покажува оптимизам кон самитот, а таков сигнал е и повторниот престој на вицепремиерката Теута Арифи во Вашингтон место во некој од центрите на ЕУ, за да учествува на трибина со поранешни американски и европски функционери. Од Владата сепак најавија дека очекуваат идната недела премиерот Никола Груевски да оди во Брисел за да присуствува на самитот на европските народни партии.


Статијата е прочитана 1077 пати.


Испрати коментар



Интервју - Ѓаволски добро си ја знаеме работата
Грција стави рампа за „македонски“
Светска банка во тап триаголник со СДСМ и Владата
Инспекцијата да не се меша во стручноста на лекарите
Премиерска дилема



jovan, 07.12.2012 00:12:33
Ke odlozat se sto e vo vrska so Makedonija. Nesto kako so NATO samitot 2008ma vo Bukurest koga ni rekoa:*Imate pokana(eve ja tuka vo fioka) ama ne ste primeni*. Nesto slicno ke se sluci i sega: *Imate datum, ama datumot ke vi go soopstime naknadno*.
EU, 07.12.2012 00:25:31
Ne oti nesto ke smenese, i , dokolku otidese na vreme, no nasiot premier poslovicno kaska zad nastanite.
ez-mani, 07.12.2012 00:52:52
makedonija nema zaglaveno vo brisel nego neka si gi ispita rabotite podobro brisell i qe vidaat pochituvanite rabotnici na masenorijata deka brisel ima zaglaveno vo makedonija i deka na makedonija qe i bide po stabilno ako ostane neutralna zemja vo svite aspekti,a so megjusebna pochit kon svite svetski zemji so iskreno prijatelstvo.ne e prijatlstvo ti da doagjash koga sakash kaj mene bez viza a jas kako sirot da sedam i da molam za viza za kaj vas.ova zdravata chovechka svest ne go prifaqa kako prijatelstvvo,nego se prifaqa kako trchillazherstvo.
pile, 07.12.2012 10:32:54
Филе практично сугерираше дека нашата Влада не прави доволно да помогне околу препораката, и дека Македонија е пречка, а не Грција.Ima dosta vistina vo izjavata na Cehot, dokoku koga ja spomenuva Republika Makedonija sekogas misli na Gruevski i DPMNE a ne na ostanatite Makedonski gragjani.Tocno deka nisto nepravi za podobruvanje na poziciite na Drzjavata na megjunarodna scena a posebno za nastojcivost za pobezbolno resenie na sporot za imeto kako na primer:Vladata na Gruevski ne predlozji do Sobranieto na R.Makedonija Zakon za so kaznivi odredbi za nepocituvanje na odredbite od VS od 1995 godina,seuste nema napraveno ekonomska presmetka za stetite predizvikani od embargoto vo 1995 godina od strana na sosedna Grcija i od stetite predizvikani od dokazjanoto veto za vlez vo NATO 2008 godina,seuste se nema obrateno do MSP vo Hag za pouka kako da postapuva vo idnina dokolku R.Grcija prodolzji so nepocituvanje na VS i blokiranje, i drugi sustinski prasanja.GRUEVSKI ODDI SI

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -4°C

Снег

Вторник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -8°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (23)
Брежнев и Хрватската пролет.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Интервју - „Травничка хроника“ не е политичка пиеса
Режисерот Бранко Брезовец, за чија претстава во Битола постои интересирање, вели дека овој град не сака повеќе да живее ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |