06.12.2012, 16:45 Грција стави рампа за „македонски“
Атина се' уште го разгледува предлогот на посредникот Метју Нимиц од пред три недели
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Главна тема за која се преговара е спорот за името, но во рамки на преговорите се вклучени и други работи. Вака од грчкото Министерство за надворешни работи објаснуваат дали се дискутира и за користење на придавките македонски, македонска, македонско, за кои пред неколку дена грчкиот заменик-министер за надворешни, Димитрис Куркулас, истакна дека се неприфатливи за Грција.
Како што потенцираше портпаролот Григорис Делавекурас, суштинскиот предмет на преговорите, како што е одредено во Привремената спогодба и со одлуките на Советот за безбедност, е наоѓањето заеднички прифатливо решение за името. „Јасно е дека во рамки на преговорите се дискутираат и други работи, но суштински е наоѓањето решение за спорот за името“, истакна Делавекурас. Што се однесува до придавките македонски, македонско, според Делавекурас, грчката позиција е дека користењето на овие придавки е во директна поврзаност со спорот за името. „Позицијата на Грција во сите меѓународни организации во кои учествува е јасна - не треба да се користат овие термини“, потенцира Делавекурас.
Од грчкото МНР велат дека, сепак, целта на Грција е да се стигне до конечно решение, меѓутоа дека за тоа е неопходна политичка волја. Делавекурас нагласи дека во изминатите години Грција презела голем број иницијативи за да се постигне напредок во преговорите. Како последна и најважна го спомена меморандумот за разбирање, кој за грчката страна содржи јасна рамка и параметри што треба да се почитуваат за да се дојде до решение. „За жал, одговорот што го добивме од поранешната југословенска Република Македонија не содржи никаква суштина. Добивме одговор во кој нема суштински одговор на конкретната рамка која ја предложи Грција“, констатира Делавекурас.
Како што додаде, Грција останува на ставот дека сака да види напредок во преговорите, затоа што решавањето на спорот не само што ќе биде од корист на двете држави, туку е и важно за регионалната стабилност. „Решавањето на спорот ќе биде конкретен доказ на добрососедските врски и ќе ја поттикне евроатлантската перспектива на поранешната југословенска Република Македонија“, посочи портпаролот. Инаку, Атина се' уште ги разгледува предлозите доставени од медијаторот Метју Нимиц на трилатералната средба со македонскиот и грчкиот преговарач во Њујорк.
На помалку од една недела пред самитот на ЕУ, на кој треба да се одлучува за датумот за почнување преговори за Македонија, во медиумите речиси и нема интерес за оваа тема. Фокусот е завртен кон затегнатите грчко-албански односи по изјавите на албанскиот премиер, како и на загриженоста за порастот на национализмот во некои од балканските држави. Загриженост за овој феномен директно на НАТО-самитот во Брисел испрати и шефот на грчката дипломатија, Димитрис Аврамопулос, кој од Брисел заедно со пораката до Македонија дека нема да има попуштање и мора да се исполнат сите критериуми и предуслови за да се отворат вратите на НАТО и на ЕУ за нашата држава. |
Статијата е прочитана 4807 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
pile, 06.12.2012 23:05:16 | Делавекурас нагласи дека во изминатите години Грција презела голем број иницијативи за да се постигне напредок во преговорите.??? Kolku uste prasalnici da se stavat na ovaa neiskrena izjava ne samo na G-dinot Delavekuras,tuku i na poveke diplomati od sosedna Grcija.Barem mozjese vo memorandumot-revizija na VS od 1995 godina integralno da bidat izneseni site inicijativi za nadminuvanje na apsurdniot spor.Ako G-dinot misli na neprifakanke na predlogot Republika Makedonija vo 2005 godina a neprifateno od togasniot lider na VMRO DPMNE togas e vo pravo ili ako misli na investiciite vo R.Makedonija kako OKTA i slicni kapaciteti so ekstra uslovi za privatizacija i stopanisuvanje, togas e vo pravo.R.Grcija treba da razbere deka vremeto na manipulacii kako so sopstvenata, a posebno so megjunarodnata javnost privrsuva.Serioznite drzjavnici kon seriozni regionalni problemi imaat konstruktiven odnos.Baranjeto na verodostoen sogovornik za nadminuvanje na sporot e koncept za izlez od situacij |
| ez-mani, 07.12.2012 00:36:07 | grigoris delavekuras neka vidi vo kalendarot vo koj vek zhivee,i dali svetskoto naselenije se ushte pasi treva i e nepismen kako vo sredniot vek.sekoj shto zhivee vo planetata zemja i zhivee vo 21 vek mnogu dobro znae shto e nepravda shto e okupacija i shto e kriminal i genocit,za zhal grchkite vladi svesno ili nesvesno se aplikanti na svite gorespomnati zlodela,pa bez trunka sram odaat do tamu da se meshaat i kako da se vikash.e ova kaj nas se vika bezobrazluk. |
| ковник, 07.12.2012 07:02:47 | Нема роблем да се согласиме со иужниот соседза името.Нека Тие се прекрстат во Македонија,Ние ќе си најдеме име Република Македонија.Но, тие не знаејќикако излезат од својата глупост,со своето ВЕТО ,како консезги тераат и членовите од Е.У. да го елеменираат демократското право на Нас Македонците да сенарекуваме Република Македонија. |
| dedo dimo, 07.12.2012 07:36:17 | Luge na ovaj glupavo prifaten spor kraj nema .Makedonija trba vednash da gi prekini pregovorite ili pod Hitno da se izlezi na referendum za imeto a vo toa da im se dadit shansa na site gragani na Makedonija od Republika Makedonija a i od Dijasporata kade i da se po beliot svet.Ako Nmarodot se izjasni protivmenuvanje na imeto ,togash pregovorite morat pod hitnoda seprekinat a grcija neka si bara ime za delot od Makedonija koj so pomosh na zapadnite sili go zavzedoa iliim beshe dodelen vo 1913 godina.Grcite ne mozat da bidat i grcija i Makedonija a i nikogash ne bile Makedonija. |
| зоре танески -скопје, 07.12.2012 08:17:33 | Како може да има решение за спорот со името кога црвените грчки линии од кои не отстапуваат значат негирање на македонскиот идентитет.Грција подржана од ЕУ и САД бараат од нас самите да се откажеме од македонскиот идентитет и само под тие улови ќе не примеле во Нато и ЕУ.Се прашувам чуму ни е членство ако идентитетски самите се обезличиме.Ако останеме без македонскиот идентитет.Стално ни го тријат од глава условот за добрососедски односи.Од друга страна оние од грчката парламентарна партија Златна Зора не нарекуваат циганоскопјани.Официјална Грција не го признава постоењето на македонското малцинство во својата држава.Ни го негира начиот македонски идентитет.И тоа е европски пример за добрососедски односи.Тоа се тие двојни стандарди што ЕУ и САД ја потикнуваат Грција така да се однесува кон нас.Во ваков случај нема и неможе да има решение за спорот со името освен ако ние МАКЕДОНЦИТЕ самите не се откажеме од својот македонски идентитет.Но тоа се граничи со лудило и е НЕВОЗМОЖНО |
| Вреди ли да се преговара со тие што не го почитуваат веќе договореното???, 07.12.2012 10:06:09 | Има ли некој на кого уште не му е јасно дека грците нема да попуштат во негирање на нашиот интегритет и тие така ќе тераат со децении, затоа што со тоа ништо не губат. Од грците не може да очекуваме ништо поинакво. Европа и светот треба да престанат да не принудуваат да преговараме со оние што не го почитуват договореното. Имаме договор, дури и пресуда од Хаг и ако ги почитуваат - треба да не примат, ако не - нека ни кажат и да си бараме друго чаре. |
| Stojan, 07.12.2012 11:09:35 | Postoi mnogu ednostavno resenie za priklucuvanje na balkanskite zemji kon evro-atlanstskite integracii. Ednostavno da se otstrani edinstvenata precka, a toa e Grcija. Znaci - taa da izleze od tie integracii. Cel Balkan ke zdivne i ke moze da se prikluci kon NATO i EU. Neli e ednostavno (no za zal ne i lesno). |
| Chainsaw, 07.12.2012 11:11:47 | Za zal na grchki pregovarachi koga im podadovme raka so toa shto go smenivme ustavot i znameto, ne dobivme absolutno nishto, ok go prekinaa ebargoto, fala na ucenata. Ama celite pregovori preejdoa od edni vo drugi uceni. Taka da poukata e ne im davaj nishto. I ne mora vo EU i NATO, ne fala so vakvi hipokritici. |
| vasilevo, 07.12.2012 11:37:30 | @Zore...kompliment na komentarot a posebno za poslednite 2 recenici. Dokolku nekoj ovaa ke go svati (otkazuvanje od samiot sebe), istovremeno ke svati i deka prakticno nema resavanje na problemot.
@Pile, ti si sepak samo pile. Daj prociti go komentarot na zore taneski i mozebi ke ti bide sustinata na sportot malce pojasna. |
| Predavnik, 07.12.2012 11:45:48 | Treba da se vodi politika, a ne inaet i *patriotizam* so krajna cel da se dobie sporot. Trebashe da forsirame Republika Makedonija(Skopje), pa za grcite da si bideme Skopje i skopjani, za ostanatite Makedonija i makedonci, odnosno faktichkata sostojba da ja i ozvanichivme. Toa bi bilo i vistinska dvojna formula, a ne namesto FIROM nekoe ime (katastrofa). I zapametite gospodo politichari, pomedju Republika i Makedonija nikakvo ime, pa ni vo zamenata *samo* za FIROM, koe brgu ke postane erga omnes. Moze ispred ili pozadi, vo sprotivno avtomatski (so eden udar) se menja i identitetot, shto e i krajna cel na grcite, koi konechno i otvoreno go kazaa. A onie shto ne mislat taka, pa naveduvaat primeri, neka gi prashat grcite zoshto tolku insistiraat tokmu na toa. A prefigani se! |
| Biljana, 07.12.2012 12:00:14 | DO komentatorite: Go napisavte i moeto mislenje. |
| nacional-patriot, 07.12.2012 16:40:50 | Na nekoj si Draganco da mu pojasnam.Antickite Makedonci si imale kralstvo,odnosno drzava koja se vikala Makedonija i nikako poinaku.Toa kralstvo bilo do gradot Veles.Vo ramkite na samoilovoto carstvo ne bil pogolemiot del od teritorijata na denesnata takanarecena Bugarija.Vizantiecot Jovan Zonaro koj ziveel vo 12 vek vo negovoto delo Recnik jasno napisal deka samoilovoto carstvo bila makedonska drzava.Imeto Rumelija ne bilo ime na Makedonija,tuku Rumelija bila otomanska provincija koja go zafakjala skoro celiot balkanski poluostrov.Teritoriite na denesnite balkanski drzavi bile del od Rumelija.I vo toa vreme teritorijata na Makedonija se vilkala Makedonija i nikako poinaku.Vo istorijata,sekogas Makedonija si go imala toa ime koe i go dale etnickite Makedonci i nemala nikoe drugo ime. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -4°C
Снег
|
Вторник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -8°C
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -9°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (23)Брежнев и Хрватската пролет.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|