Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Македонија
07.12.2012, 17:05

Половина Влада и бизнис-елита донираа за црквата пред АРМ

Македонската православна црква организираше донаторска конференција за изградба на храмот „Свети Константин и Елена“

Деспина Трајковска

Половина Влада на чело со премиерот Никола Груевски, г.г. Стефан, претставници на Синодот на МПЦ, директори на јавни претпријатија, многу бизнисмени, парламентарци и други личности од општествениот живот вчера се собраа да донираат пари за изградба на црквата „Свети Константин и Елена“, што неодамна почна да се гради пред Домот на АРМ во Скопје. Кој колку донираше, дали даде лични средства или пари од буџетот на соодветната институција - остана тајна. Конференцијата, всушност, беше организиран ручек за присутните со тајно донирање на средствата во меѓувреме. Средбата траеше речиси три часа, при што г.г. Стефан и премиерот Груевски се обратија пред присутните, образложувајќи ја потребата од доброволен прилог за изградба на храмот.

„Ајде заедно да го испочитуваме аманетот на старите скопјани, да ја исправиме историската неправда. Да помогнеме да го возобновиме храмот, кој иако мал по големина, многумина го посетувале. Верувам дека тој ќе биде храм, според своето архитектонско решение ќе претставува храм за пример на современата градба за сите храмови. Да помогнеме тој да биде украс на Скопје, уште една духовна тврдина на македонската вистина, да помогнеме да изградиме уште еден духовен покрив за верниците во Скопје. Кој за Бога дава, тој вечен споменик си гради“, им порача г.г. Стефан на присутните и ги повика секој во рамки на своите можности финансиски да помогне да се изгради „Свети Константин и Елена“.

Долгонајавуваната обнова на храмот започна неодамна. Иако првично беше планирано црквата да се гради на плоштадот „Македонија“, сепак, објектот ќе никне пред Домот на АРМ. Согласно со урбанистичкиот план, ќе може да достигне висина до 30 метри, а камбанаријата дури и до 50 метри.

„Да бидеме сплотени, да ги чуваме, негуваме и градиме храмовите. Црквата отсекогаш била душата на нашиот народ, таа имала значајна улога во историјата како стожер на македонскиот народ. И сега ве повикувам да бидеме солидарни заеднички да го изградиме храмот, оти солидарноста и црквата се алка која не' поврзува“, порача премиерот Груевски.

За потребите на изградба на храмот, инвеститорот МПЦ формираше и фондација „Св. цар Константин“. Црквата ја гради скопски „Бетон“. Храмот се возобновува во пресрет на 2013 година, кога христијанските народи ќе одбележат 1.700 години од Миланскиот едикт - указ за слобода и рамноправност на христијанството со другите религии во Римската Империја.


Статијата е прочитана 2141 пати.


Испрати коментар



ВМРО-ДПМНЕ се откажа од непартиски градоначалник на Битола
Се продаваат простории од поранешните месни домови во Прилеп
Верските претставници повикаа на мир и разбирање
Лекарите денеска пред Влада
За бесплатен гинеколошки преглед плаќала по 500 денари



EU, 08.12.2012 00:56:10
Nasi se ljube, nasi se grle (nasite se guskaat), a veruvavme deka Makedonija e sekularna drzava.
Реалист, 08.12.2012 03:08:03
Види го попон како му се улизува на Груевски. Такво однесување не му личи на најдолниот партиски потрчко, а камо ли на свештено лице. Срамота! Ама, не џабе се вика На попе рака!
Goran, 08.12.2012 08:53:23
Ubavo nema sto premierot doniral i cela makedonija da znae pa ima luge koi cel zivot doniraat pa nikoj ne gi znae samo ovie od vlasta i novopecenite gazdi(kriminalci)se reklamiraat deka donirale vo crkva zosto. Premierot za glasovi Gazdite kriminalci da im dokazat na lugeto koi gi ostavile na ulica deka se pobozini (nemoze nam niko nista jaci smo od sudbine)???????........... Samo vo Makedonija Made ina Macedonia ....
Марјан, 08.12.2012 09:16:57
Кога последен пат се организирала една ваква донаторска конференција од високо ниво за болните деца, за луѓето болни од рак, за сиромашните, за бездомниците, за штитениците ... И кога црквата место банка конечно ќе стане хуманитарка?!
zik, 08.12.2012 09:54:35
сигурна инвестиција!(за поповите)
Itar Pejo, 08.12.2012 11:26:16
Vo Makedonija na vlast se pravoslavni talibanci.
Ајван Доктор®, 08.12.2012 11:30:27
Среќа што Законот за „верификација на фактите“не важи за бизнисмениве!Препознав на снимките од „донаторската конференција“ многу значајни фаци од подземјето на СКМ,ССММ,ССРНМ и слични прекапиталистички организации!Кулминација на целата комедија беше изјавата на Гwујокио дека тој (и никој друг) застанува зад градбата (возобновувањето) на црквата од „предземјотресно Скопје“,која сега се гради на сосема друго место!Смее ли некој да не застане „зад изградбата на црквата“?!По автоматизам,секој кој отсега натаму ќе му противречи на „најголемиот и најсаканиот син“на Македонија станува предавник и антимакедонец!
Mocta e vo narodot, 08.12.2012 12:11:27
Iako sum ateist, a zgora na toa i predavnik, vece donirav. Da se razbereme, za crkvata, ne za dzipovite!
Mark, 08.12.2012 12:58:52
I najteskiot *komunjar* Azeski zavrsi okruzen so popovi i *demohristijani*! O TEMPORA, O MORES!!! Ili - Para vrti gde burgija nece!
gih, 08.12.2012 16:28:49
Не можам да ве разберам што толку Ви пречи ако се донира во црква???? Уште живеете во тој комунистички или антитеистички дух дека ако некој донира пари за изградба на црква, донира пари за свештеникот!!!! Ајде да речеме дел од тие владиците имаат над 50 и повеќе години па да стекнале нешто во животот, а што да кажеме за младите луѓе кои дури немаат ни повеќе од 20 години а какви се не коли, џипови возат.
pravda, 08.12.2012 17:33:59
otkupuvaat grevovi! ke ve stigne koga togas, kaj i da ste!
mene, 08.12.2012 17:38:45
Grevovite nema da si gi iskupat preku donacii !!!
BHC, 09.12.2012 01:19:26
Polovina bogomolci od vladata doniraat za crkva,drugata polovina za dzamija.Napravile golemi greovi.Baraat prostuvanje od gorniot.
Кристофер, 09.12.2012 14:52:59
„Сви јунаци ником поникоше и у црну зе��ју погледаше„се јунак до јунака,не верувам дека со донации можат гравовите да си ги исперат, а најмалку нечистата совест,но сакале или не судниот ден сепак ќе дојде ,а кога не е ни важно.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -13°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 0°C, Мин: -13°C

Четврток
Сончево
Макс: -4°C, Мин: -10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (25)
Сомневање во лојалноста на Јованка.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Конзумирај одговорно, забавувај се безбедно
Остави го автомобилот ако пиеш, Ин Такси ќе те врати дома

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |