Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Хороскоп

Хороскоп


Овен

Ништо моментално не ви поаѓа од рака, па не форсирајте ги работите. Пуштете да се смират и почекајте поповолен момент. Потребно е да помине извесно време. Внатрешното незадоволство морате да го ублажите занимавајќи се со спорт. Шетањето или тенисот се вистински мевлем за душата.



Бик

Не седете со скрстени раце, туку максимално активирајте се. Бидејќи е вистински момент некому да ја соопштите важната новина, направете го тоа веднаш. Ќе има одличен ефект, а вам ќе ви падне камен од срце. Не кријте ништо од блиските.



Близнаци

Треба да се активирате на деловно поле. Ве очекува успех во однос на сите нешта што се врзани за комуникација и за пријатели, а неуспех на здравствен план. Ова последново се однесува на невротичните припадници на знакот, склони кон претерување.



Рак

Доколку се сметате себеси за жртва на околностите, чувството е субјективно. Не оптоварувајте се со тоа, туку настојувајте да се реализирате во пишувањето или во работата што ве инспирира. Имате попаметна работа отколку да ја трескате главата од ѕид.



Лав

Во елемент сте, а причини за тоа има. Главно, тоа е вљубеноста и функционирањето под силни еротски чувства. Ќе имате неволји ако не успеете да ги реализирате своите намери. Тогаш ќе се чувствувате незадоволно, ќе бидете бесни и искомплексирани.



Девица

Искористете ја шансата која ретко се дава, а се однесува на вашите латентни уметнички способности. Моментално сте окупирани со страсти, па не размислувате за вашиот талент. Бидејќи е нагласена сексуалната енергија, наедно и креативната, реализирајте се барем на еден начин.



Терезија

Терезиите поминуваат бурни и страсни моменти. Бидејќи ги активирале емоциите и страстите, склони се да претеруваат. Тоа го прават секогаш кога им е убаво, па сега им се советува да внимаваат. Треба да се биде умерен не само со слатките, туку и со партнерот.



Скорпија

Не сте свесни за сопствената агресија што ја вршите врз околината. Сакате по секоја цена да остварите некои замисли, па затоа не избирате средства. Со Лавовите де ваму де таму, но, сепак, не откажувајте се. Ве врзува работа и љубов, но чувствата треба да се остават настрана.



Стрелец

Се' само незадоволства. Причините се субјективни, па потекнуваат од лични нереализирани потреби. Со партнерот не сте незадоволни, работите не одат по план, а и здравјето попушта. Имате чувство дека се' се свртило против вас. Се тешите, бидејќи станува збор за вашата фантазија.



Јарец

Среќни сте, бидејќи успеавте да ја преминете непријатноста во врска со саканото лице. Бидејќи досега не очекувате ништо спектакуларно на емотивен план, ќе добиете повеќе отколку што претпоставувавте. Размислувањата за неверство моментално се тргнати настрана.



Водолија

На индиректен начин ги кажувате чувствата врзани за партнерот. Повеќе ви одговараат приказните за љубовта отколку за конкретна акција. Уметничките склоности ви помагаат да функционирате полесно и да ги контролирате односите со спротивниот пол.



Риби

Пониските претставници имаат проблеми од психосоматска природа, ја бараат вината во другите и се незадоволни, а другите уживаат. Свесни се за фактот дека добиваат онолку колку што заслужиле, па се трудат да бидат уште поактивни, а со самото тоа и позадоволни.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 2°C

Ситен дожд

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 4°C, Мин: 0°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (22)
Вознемиреноста на Стане Доланц. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Од боемска феминистка до буржујка
„Припадничките на мојата генерација не треба повеќе да бидат феминистки“, заклучила Бруни-Саркози и на себе го привлекла...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |