Коњановски упати писмо до Гејтс
Македонскиот министер за одбрана, Зоран Коњановски, испрати писмо до американскиот државен секретар за одбрана, Роберт Гејтс, по повод осмата годишнина од терористичките напади на САД. Потсетувајќи се на страшните моменти на 11 септември 2001 година, министерот Коњановски во писмото изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите и до целиот американски народ.
„Тоа не беше само напад врз САД, туку претставуваше удар на највисоките цивилизациски вредности. Македонија беше една од првите држави која одлучно пристапи кон меѓународната коалиција за борба против тероризмот и продолжува да биде ваш постојан кредибилен партнер. Македонските мировници, кои беа постојан партнер на американските мировници во Ирак, продолжуваат да го јакнат својот придонес кон нашите заеднички напори во Авганистан“, истакнува министерот Коњановски во писмото упатено до својот американски колега, Гејтс. (Св.У.) |