Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Лидерот на француската крајна левица бил шпиониран

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Нанси - Кандидатот на последните претседателски избори во Франција и портпарол на Комунистичката револуционерна лига, Оливие Безансно, во моментов една од незаобиколните фигури на француската левица, неодамна се пожали и поднесе пријава во полицијата дека тој и неговото семејство биле набљудувани и биле следени. Дека не станува збор за параноја на идниот лидер на Антикапиталистичката партија во Франција, која треба да биде формирана во почетокот на 2009 година, е резултатот на полициската истрага.

Пред неколку дена Бригадата за репресија на деликвенцијата врз лица и Генералната инспекција на француската полиција уапси единаесет лица, од нив седум беа притворени, меѓу кои и Антоан ди Зазо, раководителот на француската филијала на „Тасер“ (произведувач на електрични пиштоли со кои се опремува француската полиција). До пријавата од Безансно за „повреда на приватниот живот, и повреда на личните права кои произлегуваат од листите на информатички податоци и непочитување на професионална тајна“, дојде откако неделникот „Експрес“ во мај објави дека тој и неговата животна придружничка биле шпионирани неколку недели и дека нивните банкарски сметки биле „обработени“. Тајните детективи се интерсирале и за личниот автомобил на двојката Безансно, а во нивниот извештај до „непознатиот“ нарачител на истрагата било наведено дури и училиштето на нивниот син.

Полицијата набрзо ја ориентира истрагата кон филијалата на „Тасер Франс“, која имаше поведено судска постапка за клевета против лидерот на Комунистичката револуционерна лига. Судењето е закажано за 20 октомври, шефот на „Тасер Франс“ и покрај тоа што беше уапсен се брани дека не е вмешан во оваа афера.

„Тасер Франс“ се интересираше и поднесе тужба за клевета против Безансно, откако лидерот на крајната левица јавно обвини дека пиштолот со електрична импулсија, што го изработува оваа фирма, може да предизвика смрт. Со овој пиштол од неодамна е опремена француската полиција и жандармерија, исто како и некои од градските полиции во Франција. „Тасер“ не успеа да ја осуди за клевета Амнести интернасионал, која тврди дека како последица од неговата употреба животот го изгубиле 290 лица во САД, каде што овој електричен пиштол се употребува од 2001 година.

Оливие Безансно на 20 октомври ќе одговара на обвинението за клевета, повикувајќи се на извештајот на Амнести, исто како што направи и градоначалничката на Лил, Мартин Обри, која пред телевизиските камери на Канал+ изјави дека нема да ја опреми градската полиција на северната француска метропола со пиштолите на „Тасер“, бидејќи тие биле смртоносни.

Безансно преку оваа афера се стекна и со друг силен аргумент во дебатата што се водеше и води во Франција за создавањето на „картотеки“ во полицијата во која се внесуваат и се вкрстуваат личните податоците на индивидуите. Програмата попозната под името „Едвиџ“ беше изменета, но не и целосно напуштена од француската влада.


Статијата е прочитана 127 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Бугарија - најкорумпираната држава во Европа? (1)
Пожар уништи важна зграда во Прага
Бугарските Европејци од царството на мутрите
Последниот преживеанод „Титаник“ ги продава спомените за да преживее
Мировници за борбени мисии
Хајдер бил убиен, тврдат во "Фолксваген"