Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Хајдер бил убиен, тврдат во "Фолксваген"

Тие се толку сигурни во перформансите на автомобилот на Хајдер, нивното производство и моделот "фетон"

ВИЕНА - Иако полициските иследници потврдија дека причините за несреќата во која загина Јерг Хајдер се двојно поголемата брзина од дозволената и 1,88 промили алкохол во крвта на австрискиот политичар, сепак тимот на "Фолксваген" кој го прегледа автомобилот "фолксваген фатон" тврди дека непозната личност можела да изврши саботажа на автомобилот за да загине Хајдер.

Во "Фолксваген" се толку сигурни во перформансите на автомобилот на Хајдер, нивното производство и моделот "фетон", што дури испратија свои експерти да го прегледаат автомобилот и да побараат знаци на саботажа. За серијата автомобили "фетон" тврдат дека е една од најсигурните во светот и дека Хајдер би требало да ја преживее несреќата со таа брзина. Имено, "Сан" ја пренесува изјавата на портпаролот на "Фолксваген" Питер Тул. Во разговорот тој е запрашан зошто "Фолксваген" испратил тројца експерти кои би требало да ја објаснат причината за несреќата.

"Кога ќе загине позната личност во еден од нашите автомобили, сакаме да знаеме што се случило. Особено затоа што се работи за случај во кој не се разјаснети сите причини. Многу работи потсетуваат на смртта на Леди Дијана", рече тој. На прашањето што мисли со тоа дека "не се разјаснети сите причини" портпаролот одговара: "Факт е дека Хајдер возел пребрзо. Не сакам да охрабрувам пребрзо возење, но во свиокот во кој се случила несреќата, од аспект на возење, брзината што се наведува не е проблем. Не можеме да објасниме зошто се случила несреќата". "Фолксваген" исклучува можност за саботажа а Тул вели дека едноставно нема најави. "Нашите експерти немаат пристап до автомобилот бидејќи тој е во сопственост на државното обвинителство. Откако ќе го добиеме ќе го испитуваме автомобилот толку долго додека не дознаеме што се случило". На прашањето дали е можно некој да манипулирал со електроника тој вели: "За такво нешто би бил потребен клуч. 'Фатон' покрај 'ауди А8' е најдобро осигурен автомобил на пазарот. Во мешањето со електрониката би морал да биде вмешан механичар". (Вјести)


Статијата е прочитана 681 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 18.10.2008 02:03:09
vo mojot komentar na vesta za zaginuvanjeto na hajder,rekov deka seto toa e sumlivo. ete,se potvrduva.
Од: Realen
Датум: 18.10.2008 10:13:17
More dobro go snajde,bese vistinski predstavnik na gavolot,na ista linija so Seselj,Zirinovski,fasiti...gospod gi kaznuva takvite i na sekoj nacin im vraka.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Лидерот на француската крајна левица бил шпиониран
Бугарија - најкорумпираната држава во Европа? (1)
Пожар уништи важна зграда во Прага
Бугарските Европејци од царството на мутрите
Последниот преживеанод „Титаник“ ги продава спомените за да преживее
Мировници за борбени мисии