Пожар уништи важна зграда во Прага
Прага - Половина од најстарата изложбена зграда во Чешка изгоре во пожар во Прага. Пожарот зафати дел од Индустриската палата во Сајмиштето во чешкиот главен град. Гаснењето на огнената стихија траело 90 минути и во него учествувале сите противпожарни единици во Прага, при што се повредени двајца пожарникари. Истрагата за причината за пожарот е во тек.
Индустриската палата е изградена во 1891 година и се користи за изложби и концерти. За време на комунистичкиот режим во Чешка во неа се одржувале конгресите на Комунистичката партија. Таа е историски и архитектонски споменик и еден од објектите кои се препознатливи за Прага. Заменик-градоначалникот на Прага, Рудолф Блажек, вети дека градот ќе направи се' што е можно за да ја реставрира зградата. (МИА) |