Претепан раководител на рибник во Вруток
ГОСТИВАР - Раководител на рибникот во гостиварското село Вруток, В.С. (50), физички бил нападнат од двајца браќа, при што се здобил со повеќе повреди. Завчера, околу 14,30 часот, враќајќи се од работа со својот автомобил „опел корса“, во близина на рибникот бил пресретнат и нападнат од 36-годишниот Ј.Т. и неговиот помлад брат М.Т., кои го удирале со тупаници, но и со тврд предмет. Од постариот брат, кој е вработен во МВР, бил одземен службениот пиштол, а полицијата ќе поднесе кривични пријави против напаѓачите. (К.К.) |