Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Соња од ТАТ лапнала уште половина милион евра

Битола - Харизматичната газдарица на поранешната пирамидална штедилница ТАТ од Битола, Соња Николовска, и по излегувањето од затвор успешно ги мами битолчани. Поранешни штедачи на ТАТ, роднини и пријатели во последните три години ги олеснила за повеќе од половина милион евра. Лековерните доверители за возврат добивале ветување дека не само што ќе им го врати заемот, туку за нив ќе има и награда, како што знае да подари само Николовска.

Според полицискиот извештај, Николовска по вторпат успеала да измами тројца од поранешните штедачи на ТАТ. Од првиот, гастарбајтер од Америка, зела дури 300.000 евра под изговор дека и' требаат да почне со нов бизнис. Од друг штедач, во осум наврати извлекла 250.000 евра, а од трет 12.000 евра. Николовска не ги поштедила ниту блиските роднини. Под изговор дека и' се потребни пари за лекување на сопругот, го испразнила нивниот семеен буџет за 2.100 евра. А од поранешен познајник побарала помош, наводно, за да може да ја плати дипломската работа на ќерка си. Пријателот, иако немал пари, и' дал брашно. Продавајќи го по приватни пекарници, Николовска од него заработила 120.000 денари. Така, газдарицата на фамозниот ТАТ вкупно се офајдила за околу 566.150 евра. На измамените битолчани како сатисфакција им останаа договорите уредно склучени на адвокат и заверени на нотар, на кои и натаму стои наведениот рок за враќање на парите.

Битолската полиција сега кривично ја гони Николовска за пет дела измама. И по 11 години од пропаѓањето на ТАТ, Битола се' уште е на колена. Поранешните штедачи не се докрај обесштетени. На своите заштеди чекаат уште 6.000 штедачи. Пирамидаланта штедилница на Николовска проголта 60 милиони евра на над 12.000 штедачи. Сопственичката одлежа само три години затвор за даночно затајување. Судскиот процес за измама, поведен од штедачите, се' уште е во тек. (А.Б.)


Статијата е прочитана 304 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 18.12.2008 00:23:57
ma sekoja i cest..ovaa treba da se stavi minister za privlekuvanje na investicii...ke im e.. mamata na cel svet samo ako dobie sansa...ovie nasi funkcionercinja se ,,sitni,, lopovi za ovaa ...sepak povtorno-bravo-talent si ostanuva talent
Од: gokle
Датум: 18.12.2008 00:48:54
duri imat ovci ce imat i volna
Од: Realen
Датум: 18.12.2008 00:58:03
Se slozuvam so dolniot komentar,sposobna zena,napravi sto napravi,si odleza samo 3 g,,za tolkava suma na pari,i jas bi odlezal dobrovolno,da gi imam tie pari.A zasto odleza samo 3 g??Normalno i toa e jasno,zasto vo taa pljacka ucestvuvaa i nasite "patriot politicari",so nivni blagoslov bea ukradeni parite.Spsobna zena,alal da i e
Од: БТ
Датум: 18.12.2008 01:05:47
Ова мене ми личи дека Соња си ги наплаќа услугите кои за време на ТАТ ги извршила за "оштетените". Изгледа дека на тројцата штедачи на ТАТ не им пропаднале влоговите во штедилницата, инаку од каде толку пари за да и "позајмат" на Соња.....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Се заокружува истрагата за смртта на кичевскиот новинар
Тепачка со метални прачки во Кратово
Запалил бандера оти му исклучиле струја
Сведоците неусогласени каде бил приведен командант Коки
Возачот на Тоше ангажира нов адвокат
Фатен осуденик за убиство во обид
Претепан раководител на рибник во Вруток
Влечеле пари од украдени картички