Влечеле пари од украдени картички
ТЕТОВО - Од банкомат на Унибанка на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, непознати сторители во вторникот во два наврата со украдени кредитна и дебитна картичка подигнале 23.000 денари. Претходно, крадците и' ја украле чантата на С. М. (50), во која имало 100 евра, 40 долари, 1.250 денари, двете банкарски картички и други лични предмети. Полицијата работи на откривање на сторителите. (Г.Е.) |