Татко и син од прилепското село Обршани нападнале екипа на ЕВН, која требало да им ја исклучи електричната енергија во куќата поради неплатен долг, информираат од МВР. Инцидентот се случил во вторникот претпладне кога синот П.Л. со нож му ја расекол јакната на еден од работниците. Вработените од ЕВН побегнале, а потоа директно од бандера ја исклучиле струјата. Тогаш, таткото Е.Л. (49) се обидел да ја исече бандерата, а потоа зел нафта и ја запалил. Неговиот сосед го изгаснал огнот. МВР најавува кривични пријави. (Г.А.)
ne ova nemoze da se resi vaka megu dvete strani gi opravduvam i dvete strani da treba da se plati struja, ama so sto da plati koga drzavata gi ostavi na ulica celi semejstva bez rabota bez pari ,tie mislat dali ke ima pari utre za leb, da se prezivee ,ako imate malku vo glavite vie od evn,i vladata da go resite trajno ovoj problem so socijalnite semejstva da ne go maltretirate ovoj miren narod,