Орландо Блум

Миранда Кер ги победи пиратите
Орландо Блум решил да и' се посвети на својата девојка Миранда Кер, една од ангелите на „Викторија сикрет“. Актерот ја одбил улогата на Вил Тарнер во четвртото продолжение на „Пиратите од Карибите“ за да има време за Миранда, која два пати ја одбила неговата понуда за брак.
Сепак, извор близок до Блум изјавил дека тој ги сакал овие филмови. Но, овојпат продуцентите му ја ограничиле улогата и решиле повеќе да се сконцентрираат на капетан Џек, па затоа Орландо одлучил да не се појави во новиот дел.
Снимањето на филмот треба да почне во 2010 година.
Орландо и Миранда неодамна се видени како излегуваат од луксузна куќа во Лос Анџелес. Тоа повторно ги активираше шпекулациите дека Блум по трет пат ќе ја побара за жена.
Откако ја одби втората брачна понуда актерот и' поставил ултиматум на Миранда: ако го одбие и следниот пат, тоа ќе значи крај на нивната врска. |