Број 3048  среда, 29 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Кејти Холмс

Избегнала несреќа во експлозија

Актерката Кејти Холмс за влакно избегнала експлозија, кога на снимањето на новиот филм „Не плаши се од мракот“ експлодирал автомобил, од кој таа успеала брзо да излезе. Иако помина без поголеми повреди, младата артистка била видно потресена.

„Кејти беше во автомобилот кога експлодира батеријата. Пред да се запали се појави густ црн чад“, изјавил близок извор.

Во новиот филм Кејти глуми жена која опсесивно ја следат гномови - митски суштества. Станува збор за римејк на филм од 1973 година.

Актерката, сопруга на Том Круз, пред да се случи несреќата изјавила дека е многу возбудена поради снимањето на филмот.

„Навистина уживам. Филмот е одличен“, изјавила Кејт.

На снимањето, на младата мајка друштво и' прави тригодишната ќерка Сури.


#
Статијата е прочитана 619 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Миранда Кер ги победи пиратите
Заводникот повторно вљубен
Тргна карванот на „Летна убавица на Македонија“