Леонардо ди Каприо

Заводникот повторно вљубен
Холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо се' почесто е во друштво на пејачката од „Пусикет долс“, Ешли. Откако заедно присуствувале на интернационален поло-турнир, Ешли и Леонардо се' почесто заедно се забавуваат во лондонските клубови.
Иако е во друштво на многу жени, сепак, Леонардо поголемиот дел од времето го минува со убавата Ешли.
„Леонардо влезе од задната врата и веднаш седна на приватната маса, на која имаше многу убави жени, вклучувајќи ја и Ешли“, изјавил извор близок до актерот. „На масата имаше многу жени, кои ги запозна на поло-турнирот, но тој најмногу време разговараше со Ешли“, додал изворот. |