Број 3268  вторник, 27 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

ИНТЕРВЈУ

Банките не ги следат бизнисите на своите клиенти

Миле Бошков

Претседател на Конфедерацијата на работодавци; Главен проблем за фирмите е обезбедувањето кредити,

Нина Нинеска-Фиданоска

Како прв човек на Конфедерацијата на работодавци, дали сметате дека е добра бизнис-климата во Македонија?

Метеоролошки би се изразил дека бизнис-климата во Македонија е моментално умерена и под притисок, со многу мали знаци на подобрување, но краткорочно, претежно облачно и сиво! Односно, веднаш би се почувствувало подобрување на климата со позитивна прогноза и најава за вложување од домашни и од надворешни инвеститори, но засега такви иницијативи се се' помалку. Регионалното опкружување на Македонија ја подобрува конкурентноста и условите за водење бизнис, што ја отежнува дополнително состојбата за привлекување странски и домашни инвестиции. Многу е алармантен фактот дека моментно многу странски инвеститори се одлучуваат да инвестираат во Албанија отколку во Македонија.

Власта објави дека земјава излегла од рецесија. Што мислите, дали кризата навистина помина за нашата држава?

Македонските компании моментно многу бавно закрепнуваат од економската криза, а кај дел од компаниите кризата допрво почнува да се чувствува. Мора да се преземат некои порадикални чекори во однос на антикризните мерки за да може да се промени ситуацијата, односно компаниите да застанат на здрави нозе. Потребно е бизнисот или бизнис-заедницата да разговара, да комуницира со Законот. Тоа не е само мое мислење, туку и мислење на странските експерти. Голем проблем е реалното, или поточно оперативното водење на бизнисот, поради инфраструктурата, административните бариери, увозните и извозните процедури, лиценци итн. Услов за подобрување на бизнис-климата е менување на некои од постојните регулативи, затоа што во голем дел од нив има голем број нејаснотии.

Кои се најголеми тешкотии за водење бизнис?

Можноста за обезбедување финансиска поткрепа, односно обезбедување кредити. Бизнисот има се' потежок пристап до финансиски средства од банките. Се доделуваат кредити за сигурни краткорочни пласмани, со примамливи камати и триплирана гаранција. Воопшто, банките не се впуштаат во ризици, односно следење на бизнисите на своите клиенти. Речиси никогаш корпоративните менаџери на банките не ги посетуваат компаниите на кои им се доделени кредити, но редовно ги потсетуваат кредитокорисниците за достасаните рати. Поради економската криза и стариот тренд на н��редовно враќање на кредитите, банките тешко се решаваат да издадат кредит без гаранција. Генерално, неликвидноста останува проблем за компаниите. Потоа, проблеми за фирмите се отежнатото функционирање поради нелојалната конкуренција, даночната политика, како и дополнителните „скриени“ давачки. Неопходна е и правна сигурност и правен континуитет. Забелешка на бизнисмените е и сивата економија, која се' уште се толерира премногу кај нас и, паралелно на тоа, нееднаквоста на казните што се пропишуваат од надлежните органи. Регистрирана фирма се соочува со казна за непријавен работник од 22.000 евра, а за споредба, доколку се случи да биде откриено лице непријавено и со нерегистриран бизнис, казната е максимум до 250 евра. Владата треба да не' користи како алатка за спроведување економски реформи донесени низ консензус.

Дали сметате дека Владата води добра економска политика?

Моменталната владина економска политика се стреми кон подобрување на економската ситуација во државата, но, сепак, не можеме да кажеме дека таа е перфектна. Се' уште има многу празнини и многу неразјаснети работи, кои како Конфедерација на работодавци се стремиме да ги подобриме. Постојано се разговара со фирмите и со нивните претставници и се бараат начини за решавање на проблемите за полесен пристап до информации, зголемена комуникација со владините економски експерти, поддршка на производствено ориентираните капацитети, односно субвенции за извоз, енергија и транспорт.

Бирократијата е дополнителен товар за водење бизнис, а голем проблем е и услужната администрација, која уште бавно се приспособува на времето, односно парите. Постои проблем со непочитување на временските рокови што се пропишани во Законот за издавање документи, како и бавно и непретприемачко перципирање за потребата од брзо и ефикасно административно сервисирање. Мора да се осврнеме и на нашата национална јавна тајна - корупцијата. Таа е навлезена во сите сектори во државата, и приватни и јавни. За компаниите тоа е огромен проблем, па мора да се работи и да се реши во најскоро време. Самостојни органи и институции кои имаат можност сами да одлучуваат за цените за своите услуги, односно здравствени прегледи, фитосанитарни и други дозволи, декларации, лиценци, сертификати и слично имаат голема можност и слобода за да изнудат мито.


#
Статијата е прочитана 642 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 27.04.2010 00:37:40
Stopanstvenicite za da ja odbegnat ovaa"klima"mora da svatat deka bankite so protekcii i urgencii veke pari na zimi majka ne davaat.Davaat samo za dobri i realni proekti koj se ostvarlivi,i plus na toa baraat i garancii(taka e i na zapad,da ne se lazat deka tamu delat od sesir).So eden zbor mora na bankata da i pokazat deka imaat pamet. Za zal nasiot biznis mentalitet znaeme kakov e, prvo e najvazno da ja opremime kancelarijata,da kupime BMW,a za biznis ke razgovarame vo kaficite na ul"Makedonija".Toa zavrsi.Koj saka moze da raboti,a moze i kredit da dobie,ako gi ispolni ovie seriozni uslovi.Drzavata edinstveno moze da pomogne okolu zaednicki nastap vo stranstvo,kako eden vid organizator. Drugoto se e vo race na menandzerite/gazdite na firmite.Ako se seriozni(a ima takvi mnogu)nema da im e tesko da dojdat do pari(sega veke i so povolni kamati).Kukaat i placat onie sto se veke vo dolgovi do gusa, pa cekaat novi krediti za da prodolzat so luksuziranjeto.
Од: nekoj
Датум: 27.04.2010 09:19:03
E da bevte del od EU dragi moi ke mozevte da zemate zaemi i od niv. Uslovite i pravilata se jasni, edino treba da imate EU pasos! Ima razno razni biznis asocijacii so mnogu dobri uslovi pred se koga stanuva zbor za dobri proekti. Ima fondovi i za samo-vraboteni, za firmi itn. Jas licno ne mozam da zemam kredit zasto imam pasos od pomo.... Makedonija! Zatoa sto sum od "thrid world country"! Za mene vazat pravilata za "tie od tret svet". Toa ste: Tret Svet. Vukoje... Cela Evropa se obedinuva, ima ednakvi zakoni, se usoglasuva, napreduva, vie TONETE. Samo ako, toa si go baravte.

Најди! во Утрински
Економија
Каматите уште ќе паѓаат
Германија може да ја блокира помошта за Грција
Состојбата на фирмите понеповолна
Дизелот поскап за денар, бензините исти
За трговска марка од 300 до 400 евра