Состојбата на фирмите понеповолна Раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во преработувачката индустрија во март годинава како понеповолна во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Оцената за обезбеденоста на производството со порачки, исто така, е понеповолна. Обемот на производството на деловните субјекти во март бележи мал пад во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се оптимистички. (Ек.Р.)